Илон Маск изненадувачки се појави за време на изборната кампања на германската екстремно десниларка партија Алтернатива за Германија (AfD) во Хале, источна Германија, јавно изразувајќи поддршка за крајно десничарската партија по втор пат во рок од две недели, пренесува Гардијан.
Обраќајќи се пред публика од 4.500 присутни заедно со ко-лидерката на партијата, Алис Вајдел, Маск преку видео врска зборуваше за зачувување на германската култура и заштита на германскиот народ.
„Добро е да се биде горд на германската култура, на германските вредности, и да не се изгубат во некаков мултикултурализам што го разредува сето тоа,“ изјави Маск.
Минатата недела, американскиот милијардер предизвика бурни реакции откако направи потег што на интернет беше спореден со нацистички поздрав за време на инаугуративните свечености на претседателот Доналд Трамп.
Маск изјави дека „децата не треба да бидат виновни за гревовите на нивните родители, а камоли за гревовите на нивните пра-родители“, очигледно реферирајќи на нацистичкото минато на Германија.
„Премногу се фокусираме на минатата вина и треба да преминеме преку тоа,“ рече тој. Маск, кој зборуваше за потиснување на слободата на говор од страна на германската влада, претходно го напаѓал германскиот канцелар Олаф Шолц на X.
Шолц, пак, изјави дека не ја поддржува слободата на говор кога таа се користи за екстремно-десничарски ставови.
Маск зборуваше во корист на гласање за крајно десничарската партија. „Многу сум возбуден за AfD, мислам дека навистина сте најдобрата надеж за борбата на Германија за голема иднина на Германија,“ им се обрати на присутните.