Илон Маск вели дека ја продал „Икс“ на неговиот стартап „xAI“ за 45 милијарди долари

Договорот, кој е целосно во акции, ја проценува вредноста на xAI на 80 милијарди долари, а на „X“ на 30 милијарди долари, напиша Маск на својата социјана мрежа

-

Илон Маск објави дека ја продал својата социјална мрежа „Икс“, на „xAI“, стартапот за вештачка интелигенција што тој го основа во 2023 година, во необичен договор што може да покрене прашања за судир на интереси, пренесува Њујорк Тајмс.

. Договорот, кој е целосно во акции, ја проценува вредноста на xAI на 80 милијарди долари, а на „X“ на 30 милијарди долари, напиша Маск на својата социјана мрежа. Цената за X е со 14 милијарди долари попуст во однос на 44 милијарди што Маск ги плати за компанијата во 2022 година. Двете компании се приватно сопствеништво.

„Иднините на xAI и X се испреплетени. Денес официјално го преземаме чекорот да ги обединиме податоците, моделите, компјутерската моќ, дистрибуцијата и талентот. Обединетата компанија ќе испорача попаметни, позначајни искуства на милијарди луѓе, додека останува верна на нашата основна мисија – трагање по вистината и унапредување на знаењето. “напиша Маск во својата објава.

Двете компании на Маск веќе споделуваат значителни ресурси. Моделите за вештачка интелигенција на xAI се обучуваат со податоци објавени од корисниците на X, компаниите делат некои инженери, а четботот на xAI, Grok, беше достапен за претплатниците на X. Минатиот месец, банкари на X им кажаа на инвеститорите дека дел од приходите на социјалната мрежа доаѓаат од xAI.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...