Илон Маск им даде рок на вработените во Твитер да останат или да заминат

Илон Маск со кадети на американската академија на воздухопловните сили на 7 април 2022 година. | Фото: Џастин Пачеко (Justin Pacheco), јавен домејн, Викимедија комонс

Во својата најнова шокантен чекор како сопственик на една од најголемите социјални мрежи – Твитер, Илон Маск им даде рок на вработените до денеска до 17 часот по источно американско време да одлучат дали сакаат да работат за него. Од оние што не ја споделуваат неговата визија за мрежата, Маск побара да ги напуштат своите работни места, објави Њујорк тајмс.

Оваа порака Маск им ја пратил преку електронска пошта на сите вработени вчера рано наутро, а според Њујорк тајмс, кои добиле копија од пораката, таа била насловена „Вилушка на патот“ (A Fork in the Road).

Во пораката, Маск повторил дека Твитер се соочува со тешкотии на својот пати и им понудил на вработените три месеци отпремнина доколку не сакаат да продолжат да работат таму „за да изградат унапреден Твитер 2.0“.

Откако ја купи компанијата за 44 милијарди долари пред речиси три недели, милијардерот е непопустлив во брзата трансформација на Твитер. Тој набрзина ја скрати на половина работната сила на компнијата од 7.500 луѓе, поништи илјадници договори со изведувачи, отпушти вработени кои го критикуваа и ги намали инфраструктурните трошоци.

Маск, исто така, објави дека Твитер треба да заработи повеќе пари или ќе се соочи со банкрот. Истовремено, се обиде да ги наметне производите за претплата додека ги договара и навредува огласувачите на Твитер.

Како што пишува Њујорк тајмс, рокот за вработените треба да постигне двоен ефект, прво да му дозволи на Маск уште повеќе да ги намали трошоците и да ја исчисти компанијата од незадоволни работници. Тој со себе во Твитер, како советници донесе круг на доверливи луѓе и вработени од другите негови компании, како што се фабриката за производство на електрични автомобили Теска.

Во пораката до вработените Маск им порачува дека ќе треба да работат многу напорно.

„Во сè поконкурентен свет, ќе треба да бидеме исклучително тврдокорни“, напиша тој. „Ова ќе значи долги часови работа со висок интензитет. Само исклучителните перформанси ќе претставуваат преодна оценка“.

Во меѓувреме поранешниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси изјави дека нема повторно да ја прифати оваа позиција во компанијата, објави Ројтерс. Кога беше прашан на Твитер дали би прифатил повторно да дојде на чело на социјалната мрежа тој одговори кратко „не“.

Блумберг, пак, пренесе изјава од поранешниот претседател на Одборот на директори на Твитер, Патрик Пишет, дека ако Илон Маск го скрши „етосот“ на влијателната социјална мрежа, тоа ќе отвори простор за конкуренцијата на Твитер.

Пишет беше на чело на Бордот на Твитер во 2020 и 2021 година и остана директор до моментот кога Маск ја купи мрежата во октомври годинава. Тој за Радио-Канада изјавил дека е прерано да се каже дали милијардерот ќе донесе нешто добро за Твитер. Но, ако Твитер стане помалку атрактивна за корисниците, други социјални мрежи ќе влезат во конкуренција.

„Ако Илон Маск го скрши етосот на Твитер, поради убавината на интернетот, може да имате осум други платформи веќе следното утро“, рече канаѓанецот Пишет во своето интервју.

Пишет, кој воедно беше и финансиски директор на Гугл од 2008 до 2015 година, вели дека заканата од банкрот на Твитер е реална: „Тоа е издржлив бизнис, но не значи дека нема да банкротира.