fbpx

Илјадници луѓе маршираа против Трамп, омразата, ксенофобијата…

-

Стотици илјади луѓе денеска излегоа на повеќе од 600 протести насекаде во светот, демонстрирајќи против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и против политиките што ги застапува.

Организаторите на протестите истакнаа дека не протестираат само како движење насочено против Трамп, туку и против говорот на омраза, реториката исполнета со омраза, омразата кон жените, ксенофобијата, хомофобијата и верската нетолеранција.

Главниот протест се одржува во Вашингтон, каде илјадници луѓе му се приклучија на „Женскиот марш“, на кој меѓу другите се обратија и активистиката за човекови права Анџела Дејвис, пејачката Кејти Пери, филмскиот режисер и продуцент Мајкл Мур и актерките Ешли Џад и Скарлет Јохансон.

https://twitter.com/nickbilton/status/822893227833376768

На „Женскиот марш“ му се приклучија и илјадници луѓе во Австралија и во Нов Зеланд, а протести беа одржани и во Лондон, Париз, Берлин, Амстердам и во други европски градови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...