Илјадници граѓани излегоа на протест организиран од опозицијата во Албанија

-

Илјадници граѓани се собраа денеска на протест во Тирана кој го организираше лидерот на опозицијата Лулзим Баша. Повеќе граѓани говореа на протестот изразувајќи ги нивните грижи и причини за да протестираат против актуелната власт. Некои од нив имаа говори кои се однесуваа на даночната реформа и ароганцијата на владата, додека Баша повика на техничка влада, затоа што, како што рече, онаа која владее сега не е во можност да одржи слободни и фер избори.

Мајка на две деца, зборуваше за тоа како таа морала да го затвори својот мал бизнис затоа што не можела да си дозволи високите даноци.

Друг демонстрант рече дека дошол да ја сподели со јавноста трагедијата што се случува во медиумите и дека тие се цензурирани од власта која ги контролира.

Според албанските медиуми, илјадници Албанци патувале низ цела Албанија да присуствуваат на денешниот протест организиран од страна на Демократската партија.

Лидерот на опозицијата Баша рече дека во земјата или ќе има фер избори или воопшто нема да има. Тој ја обвини владата дека е целосно коруптивна и дека ќе ги купи следните избори со тоа што ќе дозволи земјата да стане „рај за марихуана“. Тој неколку пати повтори дека владата не е во можност да гарантира слободни избори и дека излезот го гледа во техничка влада.

Премиерот на Албанија, Еди Рама кој се наоѓа во дводневна посета на Приштина направи паралела помеѓу денешниот протест и протестот одржан на 21 јануари 2011 година кога четворица демонстранти беа убиени. Тој ја истакна значајната разлика помеѓу односот на неговата владата кон демонстрантите и односот на Демократската партија кога беше на власт.

Иако на демонстрантите им беа дадени четири саати за протест, тие изградија шатор за да останат да протестираат. Министерот за внатрешни работи, Саимир Тахири рече дека полицијата нема да ги спречи и дека присуството на 2.000 полицајци е за да ги заштити демонстрантите.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...