Илјадници студенти се собраа на платото на УКИМ – министерката Јаневска исвиркана

Говорот на ректорката Билјана Ангелова беше исто така прекинат во моментот кога од насобраните студенти почнаа да се слушаат извивици „Помош!“, поради тоа што на една девојка ѝ се слоши

-

Дождот во Скопје не ги спречи илјадниците студенти да се соберат на општествениот кампус на УКИМ за да изразат почит кон настраданите во трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 59 главно млади лица, а уште 150 се повредени од кои 45 во критична состојба.

Покрај студентите, на платото на факултетот беа присутни ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, членови на Ректорската управа и министерката за образование, Весна Јаневска.

Говорот на ректорката Билјана Ангелова беше прекинат во моментот кога од насобраните студенти почнаа да извикуваат „Помош!“, поради тоа што на една девојка ѝ се слоши. Присутните побараа да ѝ биде однесена Кока-кола, а местото каде што се наоѓаше девојката беше прекриено со чадори од сите страни.

Фото: Мета.мк

По пауза од неколку минути ректорката го заврши говорот па по неа говореше министерката Весна Јаневска. За време на нејзиниот говор исто така се слушаа повици за помош, но министерката накратко продолжи со говорот по што беше исвиркана.

Веднаш потоа претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Александар Николовски им порача на студентите дека собирот бил за да се искаже почит кон жртвите, а не протест и ги замоли за тишина.

„УСС УКИМ ќе продолжи да ги организира овие собири во текот на цела недела. Ќе ве замолам да доаѓате на собирите и ако треба да помогнеме да помогнеме и да се организираме сите“, рече Николовски.

Се проценува дека на кампусот имаше од 3.000 до 5.000 студенти. Пред Правниот факултет е поставена книга на жалост, каде студентите испраќаат пораки на сочувство и тага. Внатре на факултетот исто така имаше стотици студенти.

Студентските организации синоќа ги повикаа точно на пладне сите студенти да одржат заеднички час на платото на УКИМ. Тие најавија дека секој ден од денеска до петок, 21.03 ќе организираат вакви собири на различни локации.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...