fbpx

Илир Мета: Нема криза меѓу Албанците и Македонците, туку меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

-

Македонија е земја на Балканот во која се судираат многу странски интереси, изјави синоќа претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, во интервју за телевизијата „Ора њуз“.

– Тоа е земја која, покрај со Албанија, има специфични проблеми и со некои од соседните земји, а демографскиот, односно етничкиот состав ја прави државата многу кревка во смисла на функционална стабилна земја – рече Мета, одговарајќи на прашање за односите во регионот, развојот на настаните во Македонија, како и за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за мешањето на Тирана во внатрешните работи на земјата.

Мета смета дека вистинската борба во Македонија во последните години не е криза на односите меѓу Албанците и Македонците, туку е криза меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односно криза меѓу владата и опозицијата.

Во однос на резултатите од предвремените парламентарни избори, Мета вели тие се искористени за да се создаде лажна ситуација која е претставена како проблем меѓу Македонците и Албанците.

Тој истакнува дека во интерес на Албанија е Македонија да биде стабилна и оти правата на Албанците не може да се решат со дестабилизирање на земјата. Тој смета дека сегашниот проблем во Македонија е, всушност, борба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...