Европратеникот Илхан Ќучук од Бугарија ќе биде новиот известувач за Македонија јави „Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans).

Ќучук е член на групата пратеници За обнова на Европа (Renew Europe), порано позната како Алијанса на либералите и демократите (АЛДЕ). И поранешниот ивестувач за Македонија на Европарламентот, Иво Вајгл, и припаѓаше на оваа група пратеници.

Ќучук кој доаѓа од Движењето за правата и слободите во Бугарија, стана европратеник во 2014 и беше реизбран оваа година.

Известувачите за Србија и Босна и Хецеговина, членови на Европската народна партија (ЕПП), ќе бидат избрани в понеделник.