fbpx

Најголем дел од парите во оптек се илјадарки (инфографик)

-

Вкупниот износ на издадените пари во оптек на крајот од минатата година e 39,8 милијарди денари и во однос на крајот од 2017 година бележат зголемување од 3,6 милијарди денари или 10 отсто, покажуваат податоците објавени во годишниот извештај на Народната банка.

Структурата на парите во оптек укажува дека на крајот на годината, книжните пари учествуваат со 97 отсто, а кованите пари со 3 отсто од вкупната вредност. Од аспект на бројот на издадени пари во оптек, учеството на книжните пари изнесува 26,1 отсто (89,8 милиони парчиња), а на кованите пари 73,9 отсто (254,9 милиони парчиња).

Најголемо учество во вкупната вредност на емитираните книжни пари имаат книжните пари во апоен од 1.000 денари (58 отсто), 2.000 денари (24,9 отсто) и 500 денари (10,8 отсто). Останатите книжни пари учествуваат со 6,3 отсто во вкупната вредност.

„Во структурата на издадените пари во оптек според бројот на парчиња, најголемо учество имаат книжните пари во апоен од 1.000 денари (24,9 отсто), 10 денари (19,1 отсто), 100 денари (16,6 отсто) и новите полимерни пари од 10 денари (16,1 отсто). Останатите книжни пари учествуваат со 23,3% во вкупната количина на книжните пари во оптек“, се вели во извештајот.

Зголемувањето на пари во оптек во економските науки е сигнал за загревање на инфлацијата односно зголемување на цените и намалување на вредноста на парите.

Вчера гувернерката на Народна банка, Анета Ангеловска Бежоска при презентацијата на најновите меакроекономски проекции рече дека Народна банка направи надолна ревизија на инфлацијата која ќе изнесува 1,5 проценти наспроти два проценти предвидени во октомвриската анализа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...