Фото: Арбнора Мемети

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 декември годинава покажува дека се тестирани вкупно 15.857 материјали во лабораториите за молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е помалку за 9,2 отсто, во однос на една недела претходно. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови, што е намалување од 14,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000, соопшти ИЈЗ.

Во овој период процентот на позитивни од тестирани случаи, изнесува 34,8 отсто, што е помалку за 2 отсто во споредба со една недела претходно.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години (n=1.503, 27,2 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9 отсто), од 50-59 (n=1.040; 18,8 отсто), од 40-49 (n=1.030; 18,7 отсто) и 20-29 (n=648; 11,7 отсто). Најмал број заболени е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3 оттсо) и 10-19 години (n=182; 3,3 отсто).

По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 0,2 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 174 смртни случаи, помалку за 5,4 отсто. Според возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица имале од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи имало од лица меѓу 20 и 29 и 30 и 39 години.