ИЈЗ: Ризикот oд ширење на болеста мајмунски сипаници останува низок

Оттаму информираат дека деновиве ќе организираат онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите

-

Епидемиолозите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови сомнителни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX, информираат денеска оттаму.

„ИЈЗ објави препораки до граѓаните на веб-страницата и отвори две нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници. Изработен е и водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции“, пишува во соопштението.

Оттаму информираат дека деновиве ќе организираат онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...