ИЈЗ: Овој месец десеткратно зголемен бројот на ковид-случаи во однос на јуни

За 18 дена во месец август, регистрирани се 489 заболени лица

-

Во последниот месец, јули 2024 се регистрира десеткратно зголемување во однос на претходниот месец. За 18 дена во месец август, регистрирани се 489 заболени лица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во последната недела, тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, при што регистрирани сe 271 нови позитивни случаи. Ова е, како што велат оттаму, зголемување од 60,4 отсто во однос на минатата недела.

„Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, Кавадарци, Тетово и Охрид, a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела (12-18.08.2024) со статус „оздравени“ се стекнале 151 лица. Во текот на минатата недела (12-18.08.2024), пријавено е едно починато лице асоцирани со КОВИД-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано“, информираат во ИЈЗ.

Во однос на вакцинацијата, во извештајот не пишува многу, освен тоа дека се препорачува следење на основните мерки за превенција на КОВИД-19 и останати респираторни заразни заболувања.

„Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход“, наведено е во соопштението на ИЈЗ.

Путин не е цар на православието и не придонел за постоењето на Македонија

Објава на Фејсбук му го честита 72-от роденден на рускиот претседател Путин, тврдејќи дека без него дури не би постоела Македонија, па дури ни православието, чиј лидер или цар...