fbpx

ИЈЗ: Од 7 до 13 септември 705 нови случаи на ковид-19, за 10,8 отсто помалку од претходната недела

-

Во периодот од 7 до 13 септември вкупно се направени 8.353 тестирања на ковид-19, за 14,2 отсто помалку во споредба со една недела претходно, а се регистрирани  вкупно 705 нови позитивни случаи во 33 града во државата. Тоа е намалување од 10,8 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (28,7 отсто), а во тој период во 17 градови бројот на ново-дијагностицирани е помал од 20.

Како што соопшти Министерството за здравство, според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на овој период, процентот на позитивни случаи од тестираните, изнесува 8,4 отсто или за 0,3 отсто повеќе во однос на претходната недела.

„Регистрирани се заболени од сите возрасни групи, а најзастапени се оние од над 60 годишна возраст. Голем број заболени има и од возрасните групи од 50-59 и 30-39, по 19,3 отсто во вкупно заболените, потоа лицата од 40 до 49 години зафаќаат 15,2 отсто; од 20 до 29 возраст, 14 отсто, а најмал број болни е регистриран кај децата од 0 до 9 години, 2,7 отсто и кај оние меѓу 10 и 19 години, чиј процент во вкупно заболените изнесува 5,1 отсто“, информира Министерството за здравство.

Од 7 до 13 септември се евидентирани 127 хоспитализирани лица, или 18,6 отсто од заболените, што е намалување од 3,8 отсто во споредба со претходната недела, а кај 227 лица или 33,3 отсто, е регистрирано присуство на коморбидитети (две или повеќе болести истовремено).

„Од вкупниот број нови случаи, 221 или 31,3 отсто имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување во последни 14 дена. По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување“, стои во соопштението.

Во анализираниот период, пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, за 7 повеќе споредено со една недела пред тоа, при што 19 лица биле над 60 години возраст, 6 на возраст од 50-59 и два починати пациента имале од 40-49 години. Од починатите, 25 лица биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 23 починати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...