ИЈЗ: Негативни се резулатите за птичји грип на двајцата вработени во Зоолошката градина

Речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени или мртви птици, велат во ИЈЗ

-

Резултатите на двајцата вработени во Зоолошката градина кои беа тестирани за птичји грип, се негативни, соопштија дееска во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Поради појава на птичји грип, од викендов е затворена Зоолошката градината во Скопје.

„Направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица од списокот што е доставен од Зоолошката градина. Денеска е направено тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија на лице што во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Тестирано е и второ лице вработено во Зоолошката што денеска се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. По добиените резултати, двете лица се негативни на птичји грип“, велат во ИЈЗ.

ИЈЗ излезе и со препораки до граѓаните во кои се наведува дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени или мртви птици.

„Иако можеби имало некои случаи што не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест“, велат од ИЈЗ.

Луѓето можат да се заштитат од инфекции од птичји грип во областите со појава на вирусот ако избегнуваат контакт со болни или мртви животни, избегнуваат контакт со животни во фарми, пазари за животни и места каде може да се колат животни, како и да избегнуваат контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет. Во ИЈЗ посочуваат дека е потребно редовно миење на рацете со сапун и вода.

Пред два дена, Зоолошката градина беше затворена, а евакуирани биле и вработените. Минатиот вторник угинала гуската од градината, според документот од наодот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, до кој дојде Мета.мк. Ова значи дека периодот на инкубација на вирусот, кој трае од 3 до 5 дена е веќе поминат и неизвесно е дали и колку птици се заразиле во овој период, особено кога станува збор за гулаби, чавки. А во тие денови, Зоолошката градина Скопје работеше непречено и беше отворена за посетители.

Дебата: Вештачката интелигенција е корисна за сите, но само ако се користи етички

Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето на политиките...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Дебата: Вештачката интелигенција е корисна за сите, но само ако се користи етички

Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето...