fbpx

ИЈЗ доби Kабинет со биосигурност ниво 3 како подарок од Амбасадата на САД

-

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Северна Македонија доби кабинет со биосигурност ниво 3, кој е донација од амбасадата на САД. Освен кабинетот, ИЈЗ е доопремен со тестови и центрифуга во вредност од 12.000 американски долари.

Во присуство на директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, г-ѓа Кејт Мари Брнс вчера направија обиколка низ Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијасностика, како и низ претходно донираната од страна на американската амбасада, лабораторија за вирусологија со трет степен на биосигурност, во вредност од 500.000 американски долари.

Оваа недела, американската амбасада и Институтот за јавно здравје се согласија за модификација на проектот, со кој ќе се зголемат капацитетите за тестирање на институтот за 10-15 проценти.

При вчерашната посета на Институтот за јавно здравје министерот Филипче упати благодарност до амбасадорката Кејт Maри Брнс за несебичното залагање уште од почетокот на кризата, за огромната помош, прво во заштитна опрема, материјали, а понатаму и во медицинска опрема за Инфективната клиника и заштитна опрема специфично за Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Соединетите Американски Држави потврдија дека се нашиот најсериозен стратешки партнер не само во другите сектори, туку и во секторот здравство. Ова е продолжение на една соработка којашто трае веќе подолго време. Во изминатиот период целосно е реновирана Клиниката за неврологија, целосно нов блок во Психијатриската болница во Демир Хисар. Сега се во тек градежните активности на Клиниката за максилофацијална хирургија. Во следниот период ќе започнат градежните работи за реконструкција на Клиниката за хематологија. САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем. Она што денеска е завршено, финализирано е реновирањето на дел од лабораторијата во рамки на Институтот за јавно здравје. Лабораторијата којашто почна со првите тестови за детекција на коронавирусот, кајшто беше најголемиот притисок од сите пациенти ширум нашата држава. Започнаа со 20 тестови на ден, а сега се прават и до 1.200. Сериозно е зајакнат овој капацитет. Благодарение на целосното реновирање помогнато од амбасадата, за првпат во нашата земја ќе имаме кабинет со биосигурност ниво 3. Ова ќе биде уште едно зајакнување, уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која што се дава и во технологијата на работа. Во оваа лабораторија, од почетокот на пандемијата немаше ниту еден инфициран вработен здравствен работник, строго се придржуваат до сите стрикни протоколи за да се направи една ваква реконструкција и да се постигне трето ниво биосигурност во делот на микробиологијата“, потенцираше министерот Филипче.

Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз истакна дека голема е честа што ја има шансата да ги посети реновираните микробиолошки лаборатории и констатираше дека работата која ја имаат сработено експертите, професионалците и техничките работници во овие простории е круцијална и многу важна, помагајќи и на Владата да одговори на пандемијата.

„Она што го видовме денеска е исклучително импресивно и чест ми е да кажам дека дополнителните капацитети кои резултираа од ова реновирање, доаѓаат од соработката на Американската амбасада, канцеларијата за одбрамбена соработка, министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Работевме заедно чекор по чекор за да ги утврдиме временските одлуки за круцијалните проекти кои ќе помогнат да се подобрат капацитетите за тестирањата во државата”, рече амбасадорката Брнз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...