fbpx

ИЈЗ: 70,1 отсто повеќе нови позитивни на ковид-19 во однос на претходната недела, смртноста зголемена за 4,8 отсто

-

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември, тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6 отсто во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 70,1 проценти споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4 отсто), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.

„Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=1283, 22,1 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=1169; 20,2 отсто), 40-49 (n=1089; 18,8 отсто), 50-59 (n=1056; 18,2 отсто) и 20-29 (n=866; 14,9 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,6 отсто) и 10-19 години (n=243; 4,2 отсто),“ се вели во извештајот на ИЈЗ.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2 отсто) лица од женски и 3.007 (51,8 отсто) од машки пол. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.

„Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8 отсто во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92 отсто,“ се додава во Извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...