Неделава на бесплатна промоција на „Epic Games“ се две навистина одлични видеоигри и тоа: „Sunderfolk“ што е вид реоживување на легендарната „Heroes of Might and Magic III“ и исто како инспирацијата и оваа игра е многу игрива и соло и во група. Втората бесплатна игра е „Batman -The Telltale Series -Shadows Edition“ која е супер детективска игра со препознатливиот стил на Telltale игрите, каде има „quick time events“ и нарација во вид на интерактивен анимиран филм.
Ова е трејлерот за „Batman -The Telltale Series“ со напомена дека играта е наменета за возрасни поради експлицитноста што ја содржи од повеќе аспекти:
„Telltale“ серијалот започна со играта „Wolf Among Us“ која своевремено предизвика огромен интерес токму поради опишаниот стил на „Telltale“ игрите погоре. Потоа во истиот серијал излегоа редици игри како „Walking Dead Telltale“, „Tales from the Borderlands“ и вкупно околу 30 слични наслови кои се разликуваат тематски од кои најскорешен е вториот дел од „Wolf Among Us 2“, а фигурираат и познатите наслови „Game of Thrones“, „Minecraft: Story Mode“ и „Guardians of the Galaxy.“
Верзијата на Бетмен за која станува збор е одличен приказ и различен начин на доживување на ликот со екстензивна детективска приказна и разни методи на дедукција при играњето, но и доста крваво насилство со „кул потези“ -за кои да ги изведете морате да имате брзи рефлекси да ги стиснете вистинските копчиња што се појавуваат на екранот во даден момент од „quicktime“ евентите.
Но секако ако сакате да ги играте најдобрите игри со суперхеројот Бетмен -ви го препорачуваме „Аркам Серијалот“( „Batman Arkham Series“) во сосема друг сетинг каде ликот го гледате од трето лице -со толку добар стил на борби што го копираат последователни игри -од која највпечатливо е тоа во играта „Shadow of Mordor.“ Што се однесува до „Telltale“- Бетмен серијалот се работи за квалитетна наративна авантура игра што по четврток се враќа во редовна продажба со цена од 25 евра на „Епик Гејмс.“
Бесплатно се нудат сите комплетни приказни за Бетмен од „Talletale“ серијалот и тоа: „Batman The Telltale Series: Episodes 1-5“, „Batman The Enemy Within: Episodes 1-5“ и „Batman: Shadows Mode.“
Што се однесува до другата бесплатна игра „Sunderfolk“ таа е наменета за сите возрасти и ова е трејлерот за играта:
Иако играта е практично “клон на Heroes of Might and Magic“ во поколоритна верзија со доста интересен варитет на фантазиски суштества има свој посебен артистички стил. Играта се истакнува во можноста за играње „барабар“ со пријатели односно „Co-оp“ опцијата. Играта може целосно да се игра на компјутер, но првично кога излезе се играше и на мобилен телефон и на телевизор -на мобилниот донесувате одлуки, а на телевизорот се одигрува дејството. Ова беше еден вид експериментална поделеност на играта што ангажира два домашни уреда. Но имаше и своја PlayStation верзија.
Групирањето со играчи за играње заедно има и автоматизиран систем -а битките се „turn-based combat“-со влечење потези еден по едн како во Шах -што претставува еден од најзаразните стилови на стратешки „topdown“ видеоигри -која има најголема популарност на играчите на „Dungeons and Dragons“ поради деталните и комплицирани системи за надградби и напредување што ги содржи. По бесплатната промоција играта „Sunderfolk“ се враќа на својата основна цена од 50 евра.
Така што овие два наслови вреди да се зграбат додека се сè уште бесплатни, затоа што се работи за промоција за навистина добри и скапи игри (тип на промоција што е се поредок на платформата „Epic Games“) кои можат да понудат долгорочна забава затоа што и двата наслова содржат висок фактор на „Replayability“ односно се играат повторно и повторно, откако првично еднаш ќе се завршат затоа што се добри игри на кои се навраќаат играчите иако веќе ги преиграле.
