„Epic Games“ секоја недела даваат по две нови бесплатни оригинални игри што може да се играат преку програмчето за сајтот. Сè што треба е да се регистрирате и да ја симнете платформата и да ги превземете игрите -за кои не сте обврзани веднаш да ги играте или инсталирате, туку се снимаат во вашата „библиотека“ на веќе поседувани видеоигри. Неделава тоа се игрите „Breathegde“ и „Rival Stars Horse Racing: Desktop Edition“.  

„Breathegde“

Првата игра е „Breathegde“, хумористична игра што се одвива во вселена што изобилува со надреалистички урнебесни смешки во стилот на „Монти Пајтон.“ На „Epic Games“ од време на време и не толку често но се случува да се повтори дадена игра што била и претходно на промоција, што е случајот со овој наслов, така што следниот линк води до детална анализа на играта кога првпат беше на бесплатна промоција -за што може да прочитате на следниот линк. Исто така новост е и дека има трејлер за вториот дел од играта „Breathegde 2“, но иако е графички подобра, според трејлерот некако токму поради „исполираноста“ го нема дражот за импактен хумор како првата игра „Breathegdе.“

„Rival Stars Horse Racing: Desktop Edition“

Оваа игра има назнака „18+“ со додадено предупредување дека содржи „Симулирано Коцкање“ затоа што се работи за игра со јавање на коњи, што е многу скапа дејност што повеќето нормални луѓе немаат средства да ја прават, но коњските трки и те како се врзани со коцкањето-за кое нема потреба да се спомнува колку е штетно во реалниот живот.

Во играта одгледувате коњи на ранч што треба да го „ревитализирате“ преку победи на трки со коњи и натпревари во сите стилови -каде се обложувате на сами себе дека ќе победите како главен извор на монетарни средства во играта. Интересен факт е дека јавачите на коњи познати како „џокеи“ се секогаш пониски луѓе со ситен раст што предизвикува коњот или кобилата да трча побрзо, но во играта „Rival Stars Horse Racing“  што симулира такви трки овде јавачите се анимирани со нормална просечна висина и градба. 

Најдобрите карактеристики на играта се тоа што може да одгледувате различни коњи кои се убаво претставени во играта, а има и костумизација на коњите каде им правите шари и и можете да им ги менувате боите и формите.  Други два забавни аспекта е што може да јавате слободно во природа и тоа може да го правите со пријатели кои исто така ја имаат играта, така што играта содржи таканаречен „free roam“ („слободно роварење“) при јавање коњ. И самиот гејмплеј не мора да се заснива на трки за брзина или пак вешто травестирање преку предодредени зададени препреки со скокање, убрзување и забавување. А бидејќи тркањето со пријатели може да е забавно токму тоа што е играта бесплатна тој фактор е максимално достапен. 

Овие две игри вреди да се имаат бидејќи и двете се натпросечни на свој начин, но проверувајте го редовно вебсајтот на „Epic Games“ затоа што од време на време се нудат бесплатно и изминати светски хит игри во категоријата на „Мистериозни Игри“.