Во Wuchang: Fallen Feathers играте со жена, девојка протагонист во гротескен фантазиски свет типичен за Souls игрите со многу RPG елементи и се очекува да не биде лесна игра, напротив би требало да биде предизвик за играње и завршување до крај.

Дејството е во фантазиска верзија на периодот од Минг династијата во Кина каде девојката се бори да сопре чума и наплив на хорди од демони и чудовишта што ја обземале земјата Шу. 

Околините во играта потсетуваат на претходни игри, особено на „Nioh 2“. Иако Nioh игрите се со јапонски средини, Wuchang има кинеска средина, и има сличности на Азиски типични населби во мрачна фантазиска атмосфера најчесто на „Напуштено село, храм или шума преплавено од чудовишта кои се кријат на секој чекор во сенките“. Но сепак се издвојуваат со своја уникатност и разновидност на пејсажи и локации. 

Исто така има многу слични нивоа како во играта Black Myth: Wukong како битката со змеј над замрзнато езеро, пештерата со плато од природен камен за борба и сончеви шуми со минибосеви.

Дизајнот на босевите е изработен со разнолики главни непријатели кои по форма и патерни на напад потсетуваат на други Souls игри, но очигледно е обрнато големо внимание да изгледаат различно од веќе видени босеви со нови варијации на гротескна естетика.  

 

Хорор елементите присутни во играта и извитоперените главни непријатели се инвентивно сработени накинџурени со триста некротични додатоци и деформитети што ги прави да изгледаат одвратно, но главната премиса во играта е околу идејата за „Ловец на Демони“ (Demonhunter) или ловец на чудовишта (Monsterhunter).

Во кинескиот фолклор фигурираат „Ловци на Демони“, додека во македонското народно творештво тие се наречени „Вампирџии“. Во продукција од Македонската Радио Телевизија е направен и долгометражен ТВ Филм наречен „Вампирџија“ што може да го изгледате во целост на следниот линк. И има и книга на темата со истоимениот наслов „Вампирџија“ од Владимир Плавевски според приказните што ги собирал Марко Цепенков. 

Во Кина романите и приказните од полскиот писател Анжреј Сапковски за јунакот Вичер наместо „Вичер“ иницијално беа преведени како „Ловец на Демони“ на кинески и со таков кинески наслов се продаваат сеуште на вебсајтот на Амазон. Поради тоа што играта Wuchang: Fallen Feathers e од Кинеско производство се следи овој симплифициран терк на варијации на темата. 

Но таа тематика најдобро ја има обработено Warcraft франшизата преку ликот на ДемонхантеротИлидан Стормрејџ. Тој е Најтелф со мистични магиски моќи што користи демонски енергии за да се бори против демони. Го жртвува видот за спектрален вид за гледање и ловење демони и носи црна трака преку очите и добива увид во невидливиот свет, премисата е да се зачува хуманоста на ликот колку и да користи демонски способности и енергии -и полека и градуално борејќи се, со време херојот заличува на демон, а всушност е Демонхантер -или „Илидари“ како што се наречени борците на Илидан во World of Warcraft -но сепак е добар и се бори за доброто на сите ловејќи демони кои можат да им наштетат на сите раси во играта. 

Истата идеја е презентирана во првата реченица од трејлеот за Wuchang: Fallen Feathers:„Нема да знаеш дека си се претворил во чудовиште, сѐ додека некој не дојде со цел да те погуби.“

Пораката е што и да доживееме без разлика како тоа влијае на нашиот физички изглед треба во животот да ја зачуваме, негуваме и практицираме хуманоста во себе. А лаици за видеоигри базирано на „демонизирање“ понекогаш сметаат дека самите игри ги извитоперуваат играчите и ако ги играш стануваш лош како демоните и чудовиштата против кои се бориш. Особено околу игрите што се со хорор тематика лаиците за видеоигри се несвесни дека скоро во секоја видеоигра играте „Херој или Херојка против силите на злото“ што често може да има антихеројска естетика заради „кул фактор“. 

Мора сериозно да се земе во предвид дека голем дел од горенаведеното е тотално имагинарно и не e воопшто реално. А на темата „демонизирање“ како вид на дискриминација имаме претходен напис што може да го прочитате овде.  

Играта е направена од студиото „505 Games“ и најавен датум за излегување на играта е 24 јули 2025. Веќе има опција за преднарачка на играта со која добивате скинови за оклопи и оружја уникатни за pre-order опцијата, основната верзија од играта чини 50 евра додека Делукс Верзијата од Wuchang: Fallen Feathers e со цена од 60 евра.