Играта Witcher 4 конечно најавена со трејлер

Witcher 4 Ciri Скриншот од YouTube
Witcher 4 Ciri Скриншот од YouTube

По долго исчекување играта Witcher 4 беше најавена со трејлер на Game Awards и се чини дека главниот протагонист во играта ќе биде Сири(Сирила) која е дел од Вичер 3. Погледнете ја најавата трејлерот направен за фановите на оваа франшиза ширум светот кои стрпливо го чекаа продолженито:

Се чини дека во ова продолжение Сирила во улога на Вичер ќе биде прикажана како повозрасна и поискусна. Тоа всушност беше и најдобрата опција за завршување на играта Вичер 3, односно Сири да ви стане Вичер. Трејлерот е одлично направен и вредностите што од етички аспект ги има Гералт од Ривија се пресликани и во одлуките и постапките на Сири.

Од CD PROJEKT RED изјавија дека поради прераното пуштање на недоработена игра како “Cyberpunk 2077” па потоа се случија и многу перипетии пред да се исполира играта и стабилизираат пазарните моменти. Баш затоа најавија дека датумот на издавањето на Вичер 4 ќе биде најавен кога самите ќе бидат сигурни дека целосно ја доработиле и оформиле играта во целост.