Играта Windbound бесплатна на Epic Games до 17 февруари

Скриншот од Epic Games
Скриншот од Epic Games

Играта Windbound е бесплатна на Epic Games до 17 февруари, се работи за игра со преживување со „арт стил“ што потсетува на најновата Legend of Zelda. За разлика од другите игри со преживување кои што можат да бидат и хорори, оваа игра е релаксирана и повеќе фокусирана на истражување и „крафтање“.

Во играта играте женски лик по име Кара која што талка од остров на остров со различни чамци кои ги правите со ликот. Таа трага по своите соплеменици на островите додека собира ресурси и прави нови корисни алатки или оружја со материјалите. На пример, од камењата што ги собирате можете да направите нож со кој потоа можете да сечете суви треви за да направите јажиња што ќе ви користат за праќата, лакот и стрелите и различните чамци кои можете да ги направите. 

Комбатот во играта е невпечатлив но инволвира избегнување удари и контра напади кога се отвара шанса за тоа. Практично, оваа игра е како „учебник за животот на острови во праисторија“. Исто така, темата е слична како во познатата книга „Робинзон Крусо” од Даниел Дефо. Играта е лесна ако го одберете „Storyteller“ нивото, бидејќи ако ви загине карактерот се враќате на последниот остров со сочуван цел инвентар на „ајтеми“ што сте ги направиле.

Исто така, во играта активирате магични олтари на чудни структури што ви отвараат нови зони или ве наградуваат со секакви работи.

Како за бесплатна игра што чини 20 евра во редовна продажба, играта е супер да се испроба и особено ќе им се допадне на децата. Но, и возрасни ја играат иако е означена „7+“. Играта работи и на GFN и можете само да и направите „claim“ на Epic Games и веднаш да ја испробате.