Играта Where Winds Meet е најновото најдобро нешто во светот на видеоигрите. Се работи за ММО со Soulslike комбат и многу забавни други можности. Игра е тотално бесплатна и нема доплаќања за прогресирање, а графички изгледа одлично. Факторот на вовлеченост на играчите во играта односно имерсивноста е ефектен како на ниедна друга видеоигра до сега.

Во првите неколку дена откако е излезена играта достигна бројка од над два милиони играчи во моментов и се вброи во најиграните игри на PC на Steam и Playstation. 

 

За играта имаме повеќе посебни написи додека беше во најава западното издание на играта кое сега експлодира како најдобра игра во гејмингот ширум светот моментално во MMORPG жанрот па и пошироко.

Иако играта повеќе од година и пол веќе се игра во Кина, западното и светско издание е нешто сосема друго. Се работи за игра во Wuxia стилот, што е базиран на традиционална херојска фантастика во Кина и покрај боречките вештини се имплементирани и мистични моќи како летање и големи скокови како највпечатливата моќ.

Сите скилови и моќи ги добивате со вршење задачи и поминување главни непријатели, но има и „крадење вештини/скилови“ со стелт техники на привремена невидливиост и ништо не е заклучено зад дополнителни трошења или микротрансакции во играта, напротив целосната верзија од играта е тотално бесплатна.  

А и ако се прашувате дали Where Winds Meet е од оној тип на игри што рекламирано изгледа подобро одошто вистински е – не е така, туку играта изгледа токму како што е рекламирана со одлична графика, а ликовите се сепак направени во кинески анимиран стил за ММОа-иако не до толку реалистични сепак има дистанца да се осети дека не треба пресериозно да се сфати овој фантазиски свет, но играчите ширум светот се нурнаа во светот на Where Winds Meet само да откријат дека играта нуди се повеќе и повеќе забава и квалитетно поминато време на игра. Има надреалистичен хумор во играта поврзан со кинеска традиција којшто се манифестира како цела плејада на забавни minigames -опциите се на следниот скриншот:

Where Winds Meet дополнителни активности во играта скриншот од YouTube
Фото: Where Winds Meet дополнителни активности во играта скриншот од Јутјуб

 

Исто така можете да се испијаните со групата и да играте пикадо, карти и други друшвени игри, или пак да ве одмине некој играч во градот којшто впрегнал санка што ја влечат гуски -иако има и санки со хаски кучиња. Но екстремот преминува во нови нивоа каде ваши движења и популарни Tик-ток танцови играта може тотално да ги копира и да ги употребувате во главните градови и мирни области каде нема борби. 

Што се однесува до негативните фактори на играта кога ќе падне ноќ во играта, видното поле е драстично намалено исто како што ова се случува во Black Desert Online (BDO) -игра за која имаме повеќе написи што може да ги прочитате на следниот линк. Уште нешто што е заедничко со BDO e што комбатот е „too flashy“ односно со многу светлосни ефекти додека удирате дефлектирате и парирате. Where Winds Meet ги наградува играчите што се испраксирани во Souls Like игри -со тоа кога правите perfect parry или perfect deflect за многу пократко време ги победувате главните. 

Исто така Waypoint instant travel teleport што го популаризираше серијалот игри Guild Wars 1 и 2 е имплементиран и во Where Winds Meet со тоа што може да се телепортирате инстантно во места и зони што ви се веќе откриени -се што треба е да ги активирате Waypoints индикаторите во секое место што ќе го поминете во истражување на мапата што може да се прави и со јавање на коњ низ прекрасни пејсажи. 

Што се однесува до PvP факторот покрај стандарните арена и битки со тимови на играчи има доста инвентивни идеи и ниво кое е имплементирано во играта што е буквално МОБА верзија од играта како Dota 2, Smite i League of Legends но со одлична графика. Покрај стандарното PvP може да се групирате во тимови попознато како pre-made groups што е најдобриот и најефикасниот начин да се игра PvP заедно со членовите на вашата гилда или клан. 

Што се однесува до PvE факторот, приказната е направена на тој начин емотивно да се врзувате со ликовите и има видеа на јутуб каде играчи буквално тагуваат и плачат затоа што одредени допадливи ликови од приказната се убиени во дејството. Приказната е богата со многу дијалози -иако интеракцијата со бројните активни NPC играчи не е на којзнае какво ниво во однос на фацијални експресии и lip-sync сепак ова не ја расипува играта. Има и Dungeons кои се предизвикувачки нивоа и покрај dps се заземаат и улогите на Tank и Healer.

За PC играта може да се игра од Steam со додадени Стим Ачивменти, но ако се симне играта од главниот сајт има опција да се симне без 4К текстури со помал download но мора да се внимава кои опции се штиклираат- и верзијата од главниот вебсајт  и Steam верзијата не се исти, но уште не се знае дали ќе може да се поврзат како што беше случајот да може со Digital Extremes и Steam на Warframe каде ретроактивно се признаа ачивментите на играчите што играле од главниот сајт па потоа се префрлиле на Steam. 

Toa што мора да се земе во предвид -дека азиските игри воопшто претеруваат со деталност и прогресијата на левелирање е многу драстично побавна од онаа застапена во западните игри. 

Ако имавте потешкотии да ги разберете гејмерските термини, ви препорачуваме да го консултирате следниов Водич за RPG термини, каде детално во вид на краток речник е објаснета гејмерската фразеологија.

Where Winds Meet е голем проект на кинескиот конгломерат издавач на видеоигри Нетиз, а нивната долгогодишна работа и тежок напор да се направи навистина одлична бесплатна игра што цел свет ќе може да ја игра бесплатно наиде на одличен фидбек  и се очекува популарноста на играта не само да расте уште повеќе туку и подолго да се задржи заинтересираноста за играта кај гејмерите ширум светот.