Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Најновото продолжение на играта има одлична атмосфера што многу потсетува и на играта Hellgate London (која не е активна во моментот, а беше своевремен мултиплејер светски хит) направена од луѓе што работеле на Диабло игрите  

Warframe 1999 скриншот од YouTube

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот за апдејтот што е моментално Live во играта:

 

Основната референца со насловот 1999 е тоа што, покажува дека условно кажано, се ближи крајот на светот со преломот на милениумот, што секако, не се случи. Главна инспирација и за самата игра се книгите на Вилијам Гибсон, за сајберпанк мрачна иднина каде сите имаат оружја од секаков вид, хакирање во виртуелна стварност и уште многу други нешта. 

Протагонистот неслучајно се вика Артур, затоа што го вози првиот Екскалибур ворфрејм, секако, референца за Крал Артур. Исто така. Артур е лик во постарата игра Dark Sector, каде што првиот хибрид ворфрејм е полу-машина полу-човек.

Што се однесува до изгледот на протагонистот очигледна е сличноста со ликот од „Бонели стриповите”, Натан Невер (Nathan Never), а потсетува и на Solid Snake од серијалот Metal Gear Solid. Артур е дури и слеп на едното око, исто како Snake. Иако другите ликови се интересно дизајнирани во класична разновидна дружина со диверзитет и здружени сили против тотална глобална термонуклеарна војна, сепак ликот на Артур е најдобро сработен, посебно поради тоа што неговата облека е со изглед на Ворфрејмот Екскалибур. 

Друга очигледна референца е возењето мотор како во анимето Акира, што е направено според броен серијал манга стрипови со истото име. Секако, има и огромна инспирација и од Ghost in The Shell. Сето ова иако е адаптирано на „Warframe универзумот”. Има и комични елементи што дури вадат од контекст и даваат класичен избор на оружја и додатоци за борба како иконичните протетички раце со метални канџи. И непријателите можат да бидат комбинација од „инфестет” стар модел на телевизор и роботички делови во едно. Иако има „comic relief”, најновото ажурирање на играта има одлична атмосфера што многу потсетува и на играта Hellgate London (која не е активна во моментот, а беше своевремен мултиплејер светски хит) направена од луѓе што работеле на Диабло игрите.   

Музиката во самата игра е од хеви-метал жанрот и одлично се вклопува со динамичната, несопирлива и постојана акција во играта. 

Апдејтот доаѓа бесплатно, а и самата игра е бесплатна на Steam. Исто така, може и да се игра ако се симне и од веб-страницата на фирмата што ја изработува и надоградува Digital Extremes.  

Подолго време известуваме за инвентивните промени во Warframe во написи што можете да ги прочитате овде. Главниот слоган на играта е „Нинџите играат бесплатно”.