Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во играта каде играте менаџер на болница во сатиричен и ироничен контекст, може да ги збуни децата, бидејќи возрасната граница за играта е буквално „3+“ иако иницијално кога излезе играта пред 6 години, беше со назнака „10+“ за минимална возраст

Two Point Hospital скриншот од YouTube
Фото: Two Point Hospital скриншот од YouTube

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток.

Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во играта каде играте менаџер на болница во сатиричен и ироничен контекст, може да ги збуни децата, бидејќи возрасната граница за играта е буквално „3+“ иако иницијално кога излезе играта пред 6 години, беше со назнака „10+“ за минимална возраст. Затоа е препорачливо оваа игра децата да ја играат под назор на родител или старател.

Во играта почнувате да градите болница и да ја менаџирате слично како во игрите од Sims серијалот и во вид на надграден динамичен „Map Editor“ како што имаат одредени игри каде може да правите свои нивоа. Секако идејата на играта е и да се инспирираат деца да посакаат да станат доктори или медицински персонал. 

Токму поради тоа што може децата многу лесно да се збунат, мора да се напомене дека во самата игра има фантазиски појави како „инвазија на духови и зомбија“ што шетаат низ ходници, кловнови во самата болница што ги расположуваат пациентите што се депресивни и чудни изпародизирани машини за лечење. 

Дури играта оди до тој степен што домарите кои ги тренирате како персонал во болницата со правосмукалки (слично како во филмовите Ghost Busters) ги ушмукуваат духовите и како што е опишано во играта преку нивната „духовна ектоплазма“ дознаваат како починале духовите. 

Инаку во играта има правење соби, поставување кревети и декор преку растенија и слики во болницата, пречекување пациенти и менаџирање со трошоци и профит од самата болница. Што воопшто не се задачи за 3 годишно дете. И ја менува перцепцијата на детето за тоа дека болниците се места каде одат луѓето да им стане подобро здравјето.

Затоа мора да се осврнеме подетално на прашањето за играта Two Point Hospital и начинот на сфаќање на медицината воопшто. Без извитоперени слики за тоа што е реално и делотворно, а што не е. Туку со здрава перцепција за работите.

Трејлерот за играта Two Point Hospital е пародија и на алтернативна медицина наспроти научна државна медицина. За овие теми имам моја фраза која гласи „Што се однесува до алтернативна медицина – немате алтернативен живот.”

Најдобар начин на ефективно лечење е преку научната медицина што се нуди во државно здравство и приватни клиники ориентирани на оваа примена. 

Во македонскиот менталитет особено кај повозрасните луѓе, се истакнуваат фрази како „Не верувам на доктори“, во ситуации кога токму докторите се единствените што можат вистински да им помогнат на луѓе да се вратат во добро здравје со соодветна терапија и водење на пациентите до стабилно психофизичко здравје.

Алтернативната медицина најчесто има само „плацебо ефект“ и луѓето се опоравуваат поради зголемена физичка активност, поздрава исхрана и поради способноста на човековото тело да се регенерира до одреден степен. Наместо да се потпрат на Научната Државна Медицина, многу луѓе во комплицирани здравствени состојби се вртат кон алтернативна медицина.

Но за жал исто така во македонското општество мноштво луѓе во тешки здравствени состојби потпаѓаат како “лесна мета” на измамници за пари, од типовите на: надри лекари (кои наводно тргаат црни магии, a „магии“ не постојат, сето тоа е илузионизам и трикови и најдобра антрополошка книга што објаснува дека магиските ритуали не се делотворни е “Златна Гранка” од Фрејзер.). Бајачки и бајачи (со баење не се лечи на пример гангрена, „бајачите” исто така бајат и на добиток наместо да се однесе животното на ветеринар). Потоа исцелители, (кои со ритуали демек „Лечат преку Господ“). Биоенергетичари (кои демек лечат со „енергии“ со допир и мафтање во воздух како “Џедај од Star Wars”),

Билкари (кои тврдат дека лечат „на природен начин“ со чаеви и тинктури, напитоци што скоро секогаш и содржат алкохол (како и повеќето “народни лекови”, а мешањето на алкохол со апчиња од пропишана редовна терапија може само да наштети драстично). Киропрактичари, местачи на рбет и зглобови (кои можат да ви нанесат сериозни телесни повреди на коските) ускратувајќи им на луѓето адекватна физикална терапија во вистински болници. Акупунктура (пак базирана на измислицата за „текот на енергија низ телото по меридијани и точки за притискање точки (pressure points)“  и „ослободување енергетски чворови“ со забивање текни игли во „точките“). 

„Холистички методи” што не се делотворни каде измамниците продаваат „„лековит( вода со меморија“). Таканаречена „Kвантна Mедицина“ која употребува „машини за мерење и балансирање фрекфенции на енергии“ и со „вибрации“ што би требало да го лечат телото преку „фрекфенции“, звучни електронски музики, како зуења и амбиетална електронска музика (a всушност само се држите за рачки и слушате музика и ништо повеќе). „Лечење со магнети“, магнетни алки, магнетни појаси, магнетни подлоги за кревети и столици и друго што би требало „да штитат од штетни зрачења“ како теоријата на заговор „за Харпот“ (што не е делотворно и нема врска со магнетна резонанца каде се прави MRI и NMR спектроскопија, којашто е метода за скенирање на телото и лоцирање на болести за третирање, слично како Рентген прегледите).

Не постојат „миракулозни лечења“, иако луѓе понекогаш едноставно имаат среќа да преживеат и тешки здравствени проблеми, човек треба да се потпре стриктно на совети од доктори од Научната Медицина.

Ова мораше да се дообјасни -дека овие теми играта Two Point Hospital ги третира со „леснотија“, а се работи за теми кои измамници и криминалци ги практикуваат во Реалниот Свет за да дојдат до пари од нормални чесни луѓе во очајни здравствени состојби што “се фаќаат за се’ можно, како давеник за сламка.” Играта Two Point Hospital е веќе масовно симнувана ширум светот од помладите генерации.

Најголемата опасност кај алтернативната медицина е што долгорочно го спречува болниот да добие соодветна медицинска нега и адекватна терапија за функционално да се врати во стабилно здравје или да му се спаси животот.