Играта Trash Goblin е видеоигра на бесплатна промоција на Epic Games што може да се земе уште денеска. Ова е видеоигра каде играте Гоблин Занаетчија со возрасна назнака 3+ но е забавна и за возрасни -и ги учи децата за важноста на рециклирањето предмети. Во самата игра играте мал гоблин занаетчија на кој му доаѓаат муштерии да им исчисти, реставрира, исполира и симплифицирано да комбинира предмети со приказна сместена во свет на Епска Фантастика, каде ликовите се фантазиски суштества хуманоиди што личат различни постоечки и фантазиски животни и стандарните луѓе, елфи и хобити. Ова е првиот трејлер за самата игра: 

Иако на прв поглед може да ви изгледа играта доста комплицирана, воопшто не е. Во поголем дел од случаите се бара да се чистат премети со сунгер и да се исполираат и поправат со едноставни загатки. Најдобро се игра со тастатура и маус на компјутер, дека со џојстик тешко се изведуваат толку деликатни повторувачки движења од различни агли по кои може лесно да се движите со маус.

Но сепак идејата дека старите работи можат да се обноват целосно и комбинираат ја поттикнува еколошката свест за изработување на концептуална уметност со рециклирани материјали, кои повеќето луѓе ги сметаат за неупотребливо ѓубре. И од таму е и името на играта „Гоблинот што работи со Ѓубре“ или скратено „Trash Goblin.“ Гоблините во епската фантастика и во книгите и филмовите и видеоигрите -се алчни „среброљупци“ ако може така да се каже и се опседнати со трпање и „хордање“ злато и материјално богатство со „Константа Златна Треска“ и се бават со секаква трговија дури и нелегална- и се направени најчесто со извитоперен, гротескен и злобен изглед-токму поради пораката во подконтекст дека тоталниот материјализам извитоперува луѓе во Реалниот Свет. Но во играта „Треш Гоблинот“ е симпатичен, чесен и не е материјалист туку мал сладок вреден и љубезен занаетчија. Ова е официјалниот втор трејлер: 

Во играта нема потреба од брзање, дека се менува само „ден-ноќ циклусот“ и нема ограничувања со време. „Trash Goblin“-от и спие во кревет на кој може да се менуваат кебиња и перници и постела во различни стилови и комбинации на бои што е единствено нешто на што гоблинот вистински воопшто троши пари, освен надградби на „бизнисот.“ Може и да менувате локации каде што ќе работите, а приказната е исто така интересна, но ќе оставиме сами да ја откриете. Што се однесува до тоа откако ќе ја поминете главната приказна што трае околу 10 часа играње вкупно, може бесконечно да продолжите да ја играте играта без рестрикции и со новогенерирани рандом сценарија и муштерии со различни барања. 

Ви препорачуваме да ја зграбите видеоиграта „Trash Goblin“ бидејќи денес е последен ден за тоа. Сè што треба да е се регистрирате на Epic Games и да го симнете интефејсот, а потоа да се земе играта со „Claim for Free“ опцијата за „0 евра,“ по што ќе добиете известување на имејл дека играта е ваша. Затоа што по бесплатната промоција играта се враќа на редовната цена од 18 евра. Се работи за релативно нова видеоигра што излезе пред година дена и вреди да се има. И ако ја земете, не мора веднаш да се игра, ви стои во дигиталната  библиотека со ваши игри на Epic Games и можете да ја инсталирате и играте кога сакате.