Играта Tiny Tina’s Assault on Dragon Keep бесплатна за преземање на Steam до 23 март

Tiny Tina скриншот од Steam
Извор: Скриншот на играта од Steam

Играта Tiny Tina’s Assault on Dragon Keep е бесплатна за преземање на Steam до 23 март. Играта на Steam можете да ја набавите преку опцијата „Claim“ како да ја купувате, при што нејзината цена е 0 евра. Набавката се одвива на сличен начин како и другите игри.

 

Се работи за игра што е пародија, при што првата пародија се игрите Borderlands а Tiny Tina, каде како лик се појавува во DLC-то на Borderlands 2, што требаше да биде “кикстартер” за Wonderlands серијалот.

Во основа, Tiny Tina е лик што сака да игра игри како Dungeons and Dragons со своите пријатели и живеат во Borderlands универзумот. Оваа игра е визуелизација на спојот на меч и магија со технологија. Можете да користите и средновековни оружја, автоматски пушки и “магични” бомби. Секако изборот на оружјата е многу разновиден. Играта изобилува со хумор што често може да се класифицира и како невкусен иако е надреалистичен, а пресериозните критичари на играта го класифицират хуморот во неа како “претенциозни претерувања”. 

За повеќе информации околу сетингот и специфичните работи во концептот на оваа игра ви препорачуваме да прочитате наш претходен напис за серијалот на игри од кој потекнува оваа игра Borderlands.

Иако е наменета за забава и за смеење, играта нуди доста предизвикувачки борби.

Во секој случај, станува збор за бесплатна игра што вреди да се игра, затоа што е квалитетно сработен наслов што внесува „жанр во жанр“ и на некој начин е нова “експлозивна комбинација” што ги спојува играњето RPG игри на маса со коцки и пукањето во FPS игри.