The Stone of Madness e игра на бесплатна промоција на „Епик Гејмс“ што трае уште денеска.
Се работи за видеоигра со одличен арт стил на цртежи и анимации што потсетуваат на игрите од серијалот стратешки игри Banner Saga и серијалот авантури Broken Sword склопени во стази и нивоа за решавање загатки во модерна верзија на стар тип на игри -односно тактичка стелт видеоигра, секако често со анимации во текот на играњето што потсетуваат на анимиран филм.
Дејството во играта се одвива додека со вашата ситоациски склопена дружина од различни ликови се обидувате да избегате од затвореноста против ваша волја во манастир под осуда за лудило од Шпанската инквизиција, која врши страшни хорифични физички и психички тортури на затворениците кои се држат под константна интимидација.
Иако во самиот трејлер се добро претставени карактеристиките и можностите на ликовите, мора да се напомене дека концептот за дружина каде секој има различни способности и таленти кои се надополнуваат е стар архетип од бајки низ целиот свет.
Религиската репресија е исто така истакната, како и желбата да се контролираат сите што размислуваат или живеат различно. Оваа игра е бунтовност на слободното размислување во самиот подконтекст. Но секако дека се работи за видеоигра, овде има подрастични средновековни мерки -на пример ликот Леонора буквално убива стражари по со палки, ножеви и кубури по манастирот и ги крие нивните тела во шифоњери и сандаци.
Ликот Алфредо може да се преправи во свештеник и да манипулира со свештенството и да им одзема внимание додека другите ликови отвараат пат за сите да избегаат од манастирот заедно. Ликот Едвардо кој е голем човек горостас може да крши ѕидови и да поместува големи предмети, сандаци и цели кафези но и конструира контрапции и механизми. Бабата вештерка Агнес става клетви на непријатели и прави секакви магиски дистракции а девојчето наречено Маус може да се протнува низ тунели и измеѓу решетки и да се крие во неочекувани места додека дејствува за доброто на целата група.
Сите ликови имаат здравје и смиреност на умот што мора да го одржувате на различни начини во играта каде најдобар фактор е сплотеност и сојузништово и доверба во групата. И пред решавање на загатките во секое следно ниво се прави тактички план што се заснива на прикрадување тајминг и усогласеност, што често знае да бара и брзи рефлекси и реакции надвор од видните полиња на стражарите и свештениците кои патролираат каде што поминува групата.
Секако играта Stone Of Madness нуди многу новитети, на пример има и други ликови кои се комични и надреалистични -на пример има трговец којшто наместо капа носи векна леб на главата и приказните во дејството често знаат да бидат и надреалистични дека е лесно да се игра со идејата за луди ликови со доза на хумористични појави.
Ова девелоперите на играта од „Теку Студијата“ и „The Game Kitchen“ го прават доста добро и стојат зад серијалот „Blasphemous“ што е „hard core“ платформска игра за која имаме напис овде од претходна промоција, игра насочена исто така против религиска репресија каде играте со извитоперен витез-крстоносец што крвнички коле непријатели со меч, со супер експлицитна акција што своевремено беше хит помеѓу гејмерите.
Најновата механика во The Stone of Madness е таканареченото „Creeping Madness“ тоа е кога по долги дејстувања ликовите ви полудуваат и се неупортебливи привремено а некогаш и во клучни моменти каде тајмингот е многу битен за усогласеноста. Пример ако ликот на убицата Елеонора види ситуација што ја потсетува како убивала порано -ја фаќа лудило и е оневозможена да дејстува и или се замрзнува во место фаќајки се за глава да се смири или неконтролирано се движи по нивото во паника, истото се случува и со другите ликови.
Во играта има две кампањи и имплементиран ден и ноќ циклус, што ги менува загатките во однос на времето од денот или ноќта со додадени елементи, на пример ноќе може да се појавуваат и „визии од духови“ во манастирот -како проекција на лудилото на ликовите.
Сè на сè ова е одлична игра која е и релативно нова и излезе за PS5 пред година дена, единствена поплака на играчите се лошите контроли со џојстик -каде на тастатура полесно се игра играта. И негативен фактор е што често знае да биде проблем за прегледност на нивото самата поставеност на камерата и големиот број багови поради кои мора се рестартираат цели нивоа одново. Но целосно играта отскокнува со критичките концепти особено со концептот на третирањето и одржувањето на менталното здравје со голема доза на иронија и сарказам па и хорор гротески.
Сепак гејмерите ја вреднуваат The Stone of Madness како поприлично добра игра. Играта е со ознака „18+“ и во редовна продажба чини 27 евра цена на која се враќа од утре, но уште денеска на промоција можете да ја земете целосната игра од Epic Games сосема бесплатно.
