Играта „The Alters“ од Полските девелопери „11 Bit Studios“ моментално добива голема популарност специфично за механиките на дупликација коишто ги нуди играта. Концепт којшто е многу познат во популарните научнофантастични филмови, серии, стрипови.
Со овој концепт, во играта се истражуваат теми за себството, индивидуалноста, идентитетот, свеста и човековата природа. Играта The Alters е игра со прежувување, која веќе има одлични оценки од критичарите, но за разлика од ваквите класични игри има прогресија на приказна која може да се комплетира.
Во играта вие сте протагонистот „Јан Долски“, космонаут во далечна иднина, чиј екипаж е мртов после несреќа на непозната планета. Единственото нешто што знае дека треба да го направи е да преживее. За таа цел почнува да гради база, но наскоро сфаќа дека му е потребна и помош, затоа од свој генетски материјал прави клонови.
Но тука дејството станува интересно, секој негов нов клон има различен развој во варијации на се што можел да биде Јан. Со разгранувачки приказни и алтернативни временски линии на развиток на личност.
Неговиот потенцијал да биде доктор е исполнет од еден клон да биде механичар, од друг клон да биде рудар, од трет нешто друго, и така натаму за голем број области што ја одржуваат базата.
Во играта има и излегување на терен со ликот и тоа многу наликува на играта Death Stranding. Во играта, градите, собирате руда, лечите други ликови, се заштитувате од радијација. Во текот на приказната треба да изградите мост за да ја прелоцирате целата база на побезбеден терен од ширечката радијација.
Дијалозите во играта се многубројни и содржајни. Целта е да се задржи добриот однос кон сите свои верзии, но ако ги третирате лошо клоновите предизвикуваат бунт и играта завршува.
Оваа игра нуди опција за зачувување на одредени делови и сценарија. За да може да се вратите ако расипете односи со клоновите наречени The Alters (алтернативни верзии на ликот).
Овие теми во научната фантастика се пројавуват како цела листа на теми како: клонирање копии, варијанти како во серијата „Локи“, пренос на свест како во филмот „Шестиот ден“ со Арнолд Шварценегер. Дополнителни примери се армии од клонови како во Star Wars: EPISODE II The Attack of the Clones, себереплицирачи машини како „Боргите“ во сериите Стар Трек.
Темите кои се истражуваат преку фантазирање во научната фантастика по ова прашање се: Индивидуалност наспроти копијата, етика на креацијата, последици од дупликација и природата на свеста.
Книгите кои имаат оставено најголем импакт на Балканот на оваа тема се несомнено колекцијата од серијалот книги од Фредерик Пол наречени „Капија“. Овие книги беа дел од Поларис едицијата своевремено за време на СФРЈ.
Во серијалот „Капија“ протагонистот е свест на човек преснимена во пребрзи компјутери што пресметуваат толку брзо и даваат долго време за симулации, но не и бесконечно време, машини контролирани и од биолошки луѓе, што можат да водат човечка дигитализирана свест низ многу различни живеења истовремено во виртуелна стварност и симулација која е непрепознатлива во однос на реалноста. Таму главниот лик во исто време и чита книга и е на пикник во парк, може и истовремено да е на забава, истовремено и на деловен состанок и истовремено да учи јазици.И човекот ги има сите сеќавања од сите свои копии инстантно како искуство за една посебна свест и личност.
Но програмата е таква што на пример и учењето јазици оди како денес во реалниот свет, не како во “Матрикс” филмовите каде се пренесува знаење со “даунлод” во мозокот. На пример има и сцена во Капија, каде главниот лик се бричи и налетува на мозолче и дава команда на компјутерот да му се тргне мозолчето од лице и компјутерот веднаш го трга и лицето му е чисто.
Исто така и темата на достигнување бесмртност е обработка и во играта “The Alters” и во серијалот “Капија”. Сепак во “Капија” од Фредерик Пол има и вонземјани наречени “Хичији” кои се чудни хуманоиди што на шаманистички и истовремено технолошки начин ги носат своите предци во торбиче на појасот како вид на нивна колективна и индивидуална бесмртност. Секако овде се подражава премисата од Научната Фантастика дека сите живи интелигентни суштества во универзумот достигаат различни видови на бесмртност преку технолошки развој во далечна иднина.
Писателот Фредерик Пол има освоено 4 светски награди за првиот роман “Капија”, меѓу кои и најпрестижните во “SF” литертурата, наградите “Хуго” и “Небула” уште во 1977 година.
Конкретниве теми се доста интересни особено ако првпат се среќава помлад гејмер или гејмерка со нив, но исто така за првпат е направена солидна видео игра што ги обединува. Додека досега овој концепт не беше изострен со толкав фокус во сржта на темата, како во играта “The Alters” и истовремено едноставност за воведување во дадените идеи, но е присутен во голем број игри како споредна карактеристика. Како патувањето низ портали на други светови, места и времиња во играта “Вичер 3” и најавеното “камео” дека Сири ќе се појави преку таков портал во светот на Cyberpunk 2077. Секако мора да се земе во предвид дека гореспоменатото е имагинарно, фикција, фантазии и литература што произлегува од Научна Фантастика.
Играта “The Alters” можеби во иднина и ќе се вброи и во категорија на интерактивен анимиран филм, затоа што веќе е направена страница за играта на Internet Movie Database (IMDB), но сепак со назнака дека се работи за видео игра.