Играта со загатки „Escape Academy“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Како што се вели „Две глави се попаметни од една глава“. Но воедно иако самите загатки не се прекомплицирани - функционираат како еден вид на решавање тест за интелигенција каде и времето е фактор. Што побрзо се решаваат проблемите - тоа прави подобри резултати

Escape Academy скриншот од Epic Games
Фото: Escape Academy скриншот од Epic Games

Играта со загатки Escape Academy е бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за релативно кратка игра со интересни загатки со кои решавате како да се излезе од одредени простории и зони со тоа што решавате загатки, од сложувалки до механизми кои отвараат нови предизвици.

Тоа што е важно да се напомене е дека оваа игра може да се игра со двајца играчи со сплитскрин, мултиплејер во локална мрежа или онлајн. Со тоа заедно може да се решава иста загатка.

Како што се вели „Две глави се попаметни од една глава“. Но воедно иако самите загатки не се прекомплицирани – функционираат како еден вид на решавање тест за интелигенција каде и времето е фактор. Што побрзо се решаваат проблемите – тоа прави подобри резултати.

Играта изобилува со хумор, а приказната е дека сте во „Ескапистичката Академија“ или во „Академија за Ескаписти“ секако оваа референца во подконтекст не се однесува само на англискиот термин “Escape” туку и на “Ескапизам” (отргнување од проблеми и бегање од реални обврски) за што играњето игри често знае да се смета како „дежурен виновник“. 

Ако заглавите на некоја загатка има систем со хинтови кои ви помагаат да ја решите, најчесто го отриваат следниот чекор ако некаде заглавите, но ова влијае на крајниот резултат и статистика за употреба на брзина и интелигенција.

Играта е наменета и за возрасни и за деца, и за фамилијарно играње во семејството. Фактор што овој тип на игри вистински го има. На пример во зачетокот на играњето компјутерски игри во фазата на првите пентиум компјутери, доста популарен серијал беше авантурата “Broken Sword”. Таму навистина имаше предизвикувачки и не толку лесно решливи загатки повремено. Факторот дека порано игрите беа потешки е точен, но поновите игри внесуваат и зголемена тешкотија и вистински ја доразвиваат интелегенцијата кај младите.

Во редовна продажба играта Escape Academy чини 16 евра, но сега може да ја превземете играта до четврток (23.01.2025) сосема бесплатно. Се што треба да се направи е да се направи акаунт на платформата, а потоа на нивниот лаунчер да си превземете играта бесплатно.