Играта во најава Morbid Metal предизвика огромен интерес преку своето бесплатно Demo на Steam достигнувајќи преку 300000 Wishlist барања на Steam.

Wishlist e опција на гејминг платформата Steam каде обележувате кои игри ги сакате во иднина и користи за две основни цели – да видите веднаш која од омилените игри што ги немате е на попуст, и воедно вашите пријатели на Steam да знаат кои игри сакате да ги добиете со можност да ви купат и поклонат игра. Ова е трејлерот за играта Morbid Metal.

 

Играта Morbid Metal ја развиваат азиските девелопери Screen Juice кои и самите беа изненадени од заинтересираноста на гејмерите ширум светот. Но понудија Demo од самата игра кое релативно помало, само 8GB, во однос на демоа од други популарни игри во најава што најчесто зафаќаат многу повеќе простор, но и ретко воопшто нудат Demo-а за ултра популарни наслови.

Играта Morbid Metal се класифицира како Hack and Slash, Action rogue lite игра и е збогатена со инстант акција, одлични визуелни ефекти и со тешкотија на Souls игрите каде се соочувате со Босеви што се навистина предизвик да се победат.

Всушност играта многу потсетува на Warframe која несомнено и е инцијална инспирација за Morbid Metal но земајќи елементи од Warframe како bullet jump скокање – начин на постојано побрзо движење низ стази, главниот лик во играта многу потсетува на ликот Теншин од Warframe (игра за која имаме и други написи овде) исто така. Дел од нивоата со традиционални азиски куќи и храмови потсетуваат и на сценгорафијата во Black Myth: Wukong.

Иако комбат трејлерот кажува доста за играта сепак постои огромна разлика помеѓу гледање игра на YouTube и вистинско испробување, но следното 10 минутно видео дава погруб приказ на тоа како ќе изгледа самиот гејмплеј:

 

Morbid Metal исто така е посебна игра со интересни механики што се издвојува по својата привлечност. Играте со три лика одеднаш кои може да ги менувате кога сакате дури и да правите комбоа со брзо менување ликови кои се надополнуваат во ланчани напади на противници.Бесплатното Demo за Morbid Metal може да го симнете нa Steam, a самата игра излегува на 20 август.