Играта „Hell is Us“ со демо верзија на Epic Games

Се работи за постапокалиптчна игра со елементи од Souls игрите. Игра којашто е многу слична на игрите од серијалот Remnant: From the Ashes, но со поголем фокус на борби од блиску со меч, одошто со пукање со огнени оружја

Фото: Hell is Us DEMO скриншот од YouTube

Демо верзијата од играта „Hell is Us” од девелоперите „Rogue Factor“ е достапна за превземање на Epic Games. Насловот на играта ја преиначува поговорката „Војната е Пекол“ во „Ние сме Пеколот“ или во слободен превод „Пеколот – тоа сме Ние“.

Се работи за постапокалиптчна игра со елементи од Souls игрите. Игра којашто е многу слична на игрите од серијалот Remnant: From the Ashes, но со поголем фокус на борби од блиску со меч, одошто со пукање со огнени оружја.

Играта е за повозрасни играчи и доаѓа со директни предупредувања дека не е за деца, затоа што содржи експлицитни сцени и хорор концепти. 

 

Што се однесува до самата игра, покрај сличноста со Remnant: From the Ashes, овде се воведува контекст каде се објаснува приказната, и бидејќи човештвото е одговорно за уништување на цивилизацијата, се следи премисата дека луѓето, човештвото се демони на овој свет пред се поради насилството, војните и еколошки катастрофи. 

Во играта Hell is Us имате и летечки дрон кој ви придружник што ви помага и мора да го одржувате. Дронот помага во борбите, но и во истражувањето. За истражувањето девелоперите Rogue Factor велат дека се одвива без мапа и компас во таканаречен „семи-отворен свет“ што според нив нуди уникатно истражувачко искуство, иако е голема веројатноста повеќето играчи да истражуваат исти зони. 

Во играта има специјални оружја за од блиску како мечови, секири и копја. Според приказната во играта по идната голема граѓанската војна се случува мистериозна катастрофа и за време на ширечката чума се појавуваат секакви гротескни чудовишта што и личат како вонземјани кои се имуни на обичните оружја на луѓето. Така се објаснува зошто не е игра со пукање со пушки и пиштоли. Всушност играта се класифицира како „акциja-авантура во трето лице“. 

Околу концептот на кој е базираната играта мора да се напомене дека демонизирање е најчесто дискриминација во Реалниот Свет. Самиот по себе е негативен концепт и исто така е имагинарен во својство на дистопии во Научна Фантастика и Хорор фикција како во играта Hell is Us. 

Но всушност тој начин да се демонизира друг води кон насилство и војни на културолошки спротиставени страни, наместо на премостување култури и достигнување мирни услови за живот. Затоа не треба никој да се демонизира поради разлики или дискриминира на било која основа. Мора да се употреби и разум, дека сите сме луѓе. 

Hell is Us целосно ќе пристигне на 4 септември годинава, на платформите PC (преку Epic Games), PlayStation 5 и XBOX Series S/X.