Играта од кинеското студио Wildfire Game – Eastern Exorcist е бесплатна за превземање на Epic Games до четврток.

Се работи за игра со парирање, избегнување и враќање удари со меч, во стил на платформска игра што ја прави пандан на Секиро една од најуспешните соулс игри. Платформските 2D игри знаат да бидат тешки и тоа е карактеристика и на соулс жанрот 3D игри, но овде се работи за комбинација од двата вида игри преточена во стил на флиперска сајдскролер игра.

 

Играта е излезена уште во 2021 година и е релативно понова игра, но рецепцијата и критиките од западните јутубери со своите пристрасни видео-рецензии не можат а да не фокусираат третина од времетраењето своите критики на тоа „што се не чини во играта“. Токму затоа што очигледно се работи за кинеска игра – сепак не можат и да не спомнат и самите потврдуваат и признаваат дека всушност се работи за одлична игра. 

Играта Eastern Exorcist има посебна атмосфера, но е допадлива за сите генерации особено за повозрасните гејмери кои ќе ги потсети на флиперска игра овојпат со многу појачана графика и специфична естетика што во зачетокот на такви игри беше незамислива.

Мрачната атмосфера и дизајнот на околините и непријателите, каде се борите против секакви мрачни суштества и целта е нормално како и во сите слични игри „колење демони“. Босовите во играта се разновидни и впечатливи. Има точки за снимање што функционираат како bonefire во souls игрите, каде отклучувате скилови и ги надградувате самите скилови токму како системот во Секиро. И по секое победување на Бос има нови анимации кои ја дополнуваат приказната.  

Во одбрана на Eastern Exorcist и работата зад оваа игра може да се забележи дека замерките што најчесто се присутни од западните јутубери се дека самата игра отвара премногу туторијали во сред битка- што од друга страна е корисно за ненавикнатите нови генерации гејмери да научат основи на ваков тип игри. 

Потоа дека чувството на нивоата е наводно безначајно и дека само се убива набрзина непријатели да се стигне до следниот бос- но всушност во одбрана на играта и обичните непријатели се супер сработени на изглед и варитет и атмосферата на играта менува околини и има имплементирано традиционална кинеска естетика особен во арт стилот кој се проткајува во начинот на анимираните нивоа.

Самите борби имаат ефект кога успешно ќе се направи „перфектен дефлект“ на удар камерата зумира и го отвара противникот за нов силен удар со меч од ваша страна. Момент што ја верифицира вашата извежбаност во вешто играње на играта. Исто така замерките за тоа дека нема впечатлива приказна се неосновани- затоа што има редица добри пресврти во самата приказна и тоа од две перспективи. 

Ако имавте нејасни зборови во овој напис ви препорачуваме два наши водичи кои детално објаснуваат гејмерски изрази поврзани со темата на следните два линка: првиот и вториот.  

Реално со оваа промоција и нејзината реактуелизција играта Eastern Exorcist привлече и огромно внимание каде „преку ноќ“ се огласија голем број јутубери и на крајот сепак со позитивен фидбек. Играта е одлична да се преигра преку викенд или во било кое слободно време и затоа препорачано е да ја зграбите додека трае бесплатната промоција на Epic Games, а бесплатна е до следниот четврток (02.10.2025).