Играта Control бесплатна на Epic Games до 17ти јуни

Фото: 505 Games

Играта Control е релативно нова игра и една од подобрите што ги имаат дадено бесплатно Epic Games – сега е достапна да се земе бесплатно до 17ти јуни. Иако прво направена за Playstation 4 пред некое време стана достапна и за компјутери, но сепак е игра што бара солидна гејминг машина, но исто така е достапна за играње преку GeForce Now.

Во играта практично играте со ист лик како Џин Греј од Икс-Мен имате force push како џедај, можете да кревате предмети со телекинеза и да ги фрлате на непријателите а ако немате предмети во близина го откорнувате подот или бетонот по кој одите и ги фрлате парчињата на противниците. Исто така можете да направите и штит против куршуми со предметите што ги кревате со телекинезата. А ако ги симнете на малку Health непријателите и ја имате отклучено способноста можете да им направите mind control и да се борат на ваша страна под дејство на еден вид телепатија за контрола на умот. Исто така има и вид на летање што е повеќе како привремено лебдење -левитирање наместо класично летање со ликот.

Додека вашето примарно оружје е револвер кој може да се модифицира и имате само едно оружје со повеќе модови на пукање. Може да стане револвер-сачмарка, револвер-машинка, револвер лансирач на експлозиви или моќно оружје до удари на полнење. Играта има графика што ги задоволува стандардите на PS4 така што е навистина квалитетна и нова. Тоа е што се однесува до gameplay-от и combat-от а приказната сами ќе треба да ја откриете преку играње.