Играта Brothers -A Tale of Two Sons бесплатна на Epic Games до 24 февруари

Скриншот од Epic Games
Скриншот од Epic Games

Играта Brothers -A Tale of Two Sons е бесплатна на Epic Games до 24 февруари. Станува збор за добро изработена специфична игра кога се игра два лика одеднаш што ги контролирате истовремено. Решавате загатки во мисијата да најдете „лековита вода“ со која би го излечиле својот болен татко. 

Играта е одлично смислена и загатките се забавни особено затоа што бараат симултана координација на двата лика одеднаш што е еден вид новитет во ваквиот вид на игри.

Има една добра реченица во описот  за играта на Epic Games што вели: 

“Едниот мора да биде силен таму каде што другиот е слаб, храбар каде што другиот е страшлив, тие мора да бидат… браќа”.

 

Единствена видна маана на играта е што загатките знаат да бидат бавни за решавање и понекогаш треба трпение. Нуди само околу 4 часа „гејмплеј“ и самата игра изгледа графички добро, а зазема само околу 1,3 GB простор на вашиот компјутер и брзо се инсталира иако не е достапна на GFN