Играта Borderlands 3 е бесплатна за преземање на Epic Games до 26 мај

Borderlands 3 скриншот од Epic Games
Borderlands 3 скриншот од Epic Games

Играта Borderlands 3 е бесплатна за преземање на Epic Games до 26 мај (четврток). Се работи за FPS игра која e истовремено и RPG игра. „Арт стилот” во којшто е направена е „стриповски”, изобилува со доста хумор и „брутални” борби со пукање во пост апокалиптична атмосфера како во филмовите “Mad Max”. 

Според приказната дејството почнува на друга планета наречена „Пандора” каде играте како “vault hunter”, односно сте трагач по вонземјански реликвии. Играта има голем број оружја од кои поретките имаат и „алтернативен мод” за пукање, на пример може да имате пиштол на кој втората способонст му е пуштање ракети. Има изобилство на оружја, кои се генерираат рандомизирано како што играте од поразените непријатели или од ковчези што ги отварате. 

“Borderlands” серијалот популарно го нарекуваат и “Diablo со пушки”, дека има многу оружја и затоа што откако ќе ја завршите играта можете да продолжите да ја играте во различни нивоа на тешкотија -како на “Diablo” игрите, за кои можете да најдете повеќе информации во првиот, вториот и третиот напис на тема “Diablo” игри.  

Хуморот во играта е варијација на различни придружници и помагачи од кои сите ликови се специфични и особено смешни. Во играта можете и да возите возила како „баги автомобили” наоружани со големи митралези со кои можете да пукате и додека возите. Приказната е интересна, „гејмплејот” е супер и самата игра целосно е одлична, впрочем и на Epic Games беше најавена како “Mystery Game” што значи дека се работи за релативно понов и квалитетен наслов. Borderlands 3 има и “multiplayer” и можете да играте во група од 4 луѓе со пријатели преку интернет, што ја прави играта двојно позабавна.