Играта без насилство Relicta бесплатна на Epic Games до 27 јануари

Скриншот од Epic Games
Скриншот од Epic Games

Играта Relicta е бесплатна на Epic Games до 27 јануари. Станува збор за „интелигентна“ игра во која решавате логички загатки. Вие сте научник којшто е на Месечината која е тераформирана и користите анти гравитациони ракавици за да поместувате коцки со различни бои и форми и да ги сместите по редослед на правилните места за да напредувате понатаму низ бариерите што се спуштаат секогаш кога ќе решите загатка. Исто така, во играта контактирате и со вештачка интелегенција, а додека сте во база зборувате и со други научници но само преку „комлинк“ иако никаде не се покажуваат како ликови. 

Во првиот половина час можете да се запознаете со механиките на играта, но за разлика од другите вакви логички игри наместо градуално да се претставуваат нови начини на решавање загатки и играта да станува се потешка и потешка -ги учите сите варијанти во првиот половина час и нема нови варијации понатаму. 

Графички играта е впечатлива, особено добро се сработени шумите во тераформираната Месечина, а и сите други елементи како на пример базата се во склоп на квалитетно изработена научно-фантастична игра.

Главниот момент во играта е што е без насилство, нема пукање, тепање и слично – станува збор за „ненасилна“ логичка игра со уникатен дизајн. Другa игрa на која потсетува оваа игра е играта Portal. Сепак, играта Portal се смета како подобра игра од Relicta, но Relicta е одлична игра преку викендот да се испроба нешто поразлично и релативно ново