„Terra Scape“ е игра без насилство со градење на градови и инфраструктури на лебдечки острови каде во однос на теренот и ресурсите мора да направите просторно планирање за најдобра ефикасност. Во играта нема борби со други народи или пак природни невремиња со кои треба да се соочувате, просто се гради куќи и тврдини со различни намени и функции додека се слуша релаксирачка музика од самата игра.

Мапите во „Terra Scape“ се генерираат рандомизирано, што значи дека секоја наредна сесија во играњето играте на сосема различна мапа со рестрикции на површини на кои можете и неможете да градите. Системот со освојување на Карти кои потоа ги употребувате зависи од вашата ефикасност е присутен нов елемент во ваков вид игри, но и има момент на среќа кои карти ќе ги добиете како периодични надградби во текот на играњето. 

Годишната ограниченост на играта гласи дека е за над „3+“ годишна возраст и покрај тоа што е игра каде нема тепање и убивање, но сè е мирно и сè се одвива полека, сето ова ја прави играта да биде одлична за играње и за најмалите деца и за најмладите, додека возрасните играчи исто играат ваков тип на игри за релаксација по работен ден. 

Иако сетингот потсетува на игрите „Age of Empires“ за која може да прочитате повеќе овде и серијалот стратешки игри „Civilization“ за кој имам пишувано тука. Тоа што нема битки ја издвојува Terra Scape меѓу најновите игри без насилство и во жанрот на „City Builder“ односно „Игра со Градење Градови.“ кои најчесто се во средновековен сетинг. Претходна слична ваква игра што има бесплатна Demo верзија на Steam која може да ја испробате е играта наречена „Laysara: Summit Kingdom“ која е поразлична од Terra Scape, a сепак парадоксално доста слична и за неа може да прочитате повеќе на следниот линк.

Срдечно ви препорачуваме да ја земете играта „Terra Scape“ овде, додека е на бесплатна промоција која истекува денеска во 17:00 часот. Сè што треба да направите е да креирате корисничка сметка -„акаунт“ на главниот вебсајт на Epic Games, да го симнете програмчето „Epic Games Launcher“ и во секцијата „Free Games“ да ја клинете играта и да ја придодате со втор клик на вашата библиотека игри на „Epic Games“, со напомена дека потоа ја имате играта како ваша сопственост и не мора веднаш да се инсталира и игра -туку си ја инсталирате кога сакате. Сајтот на „Epic Games“ со години дава по две оригинални видео игри за компјутер бесплатно, а игрите престануваат да бидат бесплатни секој четврток – кога излегуваат нови две видеоигри на бесплатна промоција.