Играта Aven Colony бесплатна за превземање на Epic Games

Скриншот од играта Aven Colony
Фото: Mothership Entertainment, Team17

Aven Colony е бесплатна за превземање на Epic Games до 11 ноември (четврток). Се работи за стратешка игра каде градите колонија или повеќе колонии на други планети. 

Играта не е класична стратешка игра и повеќе наликува само на игра со градење, наликува и како игра без насилство но сепак не е тоа исклучено. Најголем непријател во играта ви се годишните времиња и елементарните непогоди. Aven Colony се базира на управување на колонијата, ресурсите и најважниот фактор -жителите на колонијата.

Туторијалот е екстензивен и нуди многу информации како да го контролирате градењето во играта. На пример најчесто се наоѓате на планети каде атмосферата е од јаглерод диоксид иако можат да се прават фарми за храна од растенија како ориз, пченка и друга храна. Битен е и моралот на колонистите и можете да бирате како ќе ги третирате. Поради тоа што најчесто воздухот не може да се дише се прават ходници што ги поврзуваат живеалиштата на луѓето (што доаѓаат во различни згради од основни до понапредни) и нивните работни места. 

Исто така, во играта можете да градите и еколошки извори на обновлива енергија, како соларни панели и ветерници за производство на електрична енергија. Градите бунари и пумпи ако најдете вода, рудници над места богати со руда и минерали, термални електрани итн.

Има и опција да се забрза времето во играта, за да не се чека да се изгради некоја зграда или градба, но имајте на ум дека ги убрзувате и процесите на трошоци и производство кога го правите тоа. На пример, ако го убрзувате често времето а не се грижите истовремено за производството на храна, колонистите можат да умрат од глад и да заврши играта. Затоа се убрзува времето кога ќе ги поставите повеќето системи за одржување одеднаш за повеќе работи да течат во исто време. Се работи за детална игра со многу опции, но штом навлезете во суштината можете да правите повеќе колонии и да ги набљудувате и контролирате и водите преку сателити.  

Играта е интересна и лесна и вреди да се испроба исто така ја има и на GeForce Now па можете да ја пробате без да чекате да ја инсталирате.