Добиваме нова игра од универзумот на „Invincible“ која што го носи името „Atom Eve“. Играта е фокусирана кон протагонистот и женскиот лик „Атом Ив“ која што е средношколка со суперхеројски моќи. Играта е всушност графички видео роман, со „Turn Based“ борби (стратешка игра базирана на фази, играчите не играат истовремено, туку после потегот на противникот).
Во целиот тек на играта има одлично нацртани сцени што се целосно извадени и инспирирани од стриповите на „Invincible“ низ кои што се вртат дијалозите, и каде што има повеќе избори за какви потези сакате да направите. Односно тоа зависи во кој контекст сакате вие да ја водите приказната.
Придружниците во играта ги добивате со добро третирање на луѓето што ќе ги сретнете и потоа се борат покрај вас и ви помагаат. Што се однесува до борбите, користите супер моќи за блокирање удари и успорување на непријатели покрај генеричните напади.
Во играта има и прогресија на самиот карактер со способности во три категории, и сите се униктано направени и балансирани за карактерот да има уникатни подобрувања.
Играта е достапна за бесплатно превземање на Epic Games до четврток 24 октомври до 17 часот.