Насловот Assassin’s Creed Shadows достигна бројка од 5 милиони играчи, во оваа игра дејството се случува во средновековна Јапонија и беше сетинг кој долго време го чекаа играчите на AC серијалот и моментално полека но сигурно е во подем иако имаше не толку сјаен старт поради контроверзијата со ликовите и тематската неусогласеност со историски факти.
Но сепак се работи за фантазиска игра, а ова е краткиот трејлер за новонајавено DLC (додаток-продолжение) од Assassin’s Creed Shadows со поднаслов Claws of Awai што ќе излезе на 16 септември.
За време на излегувањето на играта во март годинава имаме и посебен напис што објаснува детали за самата игра во базичната верзија што може да го прочитате овде.
Што се однесува до моменталната состојба на играта веќе е прерасната во компетитивна Single Player игра, каде играчите се натпреваруваат кој подобро ја научил играта на зголемена тешкотија особено гејмплејот со стелт елементи што е најпрактичен пристап за убиства од сенки со еден удар со иконичното скриено сечило на Асасините-овојпат во вистинска улога на нинџа-шиноби.
Исто така најавени се повеќе правци за развивање на играта и за понатаму односно утре на 29 јули излегува опцијата за „New Game+“ тоа значи дека откако ќе ја завршите играта до крај, можете да почнете од почеток да ја играте на зголемена тешкотија со предности и отклучени работи од претходно или можност да ги стекнете пак во посилни верзии. New Game + e вообичаено означено со бројки +1, +2, +3 итн. Каде поголемата бројка значи и поголемо ниво на тешкотија на играта што е карактеристика превземена од Souls игрите.

Се очекува и да се зголеми и level cap -максималното ниво на ликовите што може да биде достигнато што ја дополнува New Game + опцијата како простор и можност за грајндање левели. И ќе има нови достигнувања и трофеи, но и нови микротрансакции на кои се фокусира Ubisoft фирмата што ги прави Assassin’s Creed игрите, околу чии негативни одлуки кон играчите и стратегии за зголемување продажби имаме неодамнешен напис овде.
На почеток на септември се очекуваат и бесплатни дополнувања и ажурирања на играта каде ќе се отворат повеќе опции за домот -скривалиштето на асасините во играта и ќе има опција да се открива мапата по системот на Fog of War што во повеќето игри е црна магла на мапата во областите што не сте ги откриле сеуште додека играте.
Од IGN направија и таканаречено roadmap видео за Assassin’s Creed Shadows што се однесува на предвиден развој на играта, каде подетално се разработува горенаведеното.
Ако имавте потешкотии да ја разберте гејмерската терминологија во овој напис можете да го прочитате следниот водич за RPG игри, каде се објаснети термините и нивното значење детално за да може секој да ги сфати.
Јутуберите и стримерите на Twitch познавајќи го пазарот на гејминг индустријата шпекулираат дека најверојатно основната верзија од играта ќе добие и попуст во стил на „Црн Петок“ иако се работи за релативно многу понова и популарна игра што моментално држи цена од 70 евра за базичната верзија и 90 евра за Делукс верзијата на Steam. Но сепак самата игра оди во добра насока и влече се’ повеќе играчи да ја купуваат и играат.
