Играта „Mistfall Hunter“ од кинеските девелопери „Bellring Games“ е една од напопуларните видеоигри во моментов затоа што комбинира тимска игра со надополнувачки и контрирачки механики, има одличен графички дизајн што ѝ е главниот квалитет и потсетува на повеќето „МОБА“ игри. Играта е во т.н. „RPG PvE PvP Extraction Game“ што во превод значи дека во борбите со други играчи кога ќе изгубите, ја губите и целата опрема, слично како што кога ќе победите ја земате целата опрема на победениот. Треба да се напомене дека не е бесплатна, односно моментално чини околу 20 евра, но во споредба со некои од новите AAA наслови е два па ако не и три пати поевтина.

 

Карактерот што го играте го гледате во трето лице, перспектива што гејмерите генерално ја сметаат за најдобра во било која игра освен пукачките „FPS“ („First Person Shooter“) игри. 

Толку е добро сработена што потсетува на „Елден Ринг“ во графиката и гејмплејот во вид на Souls like Co-op видеоигра, а присутен е и дражот од „Lord Of The Rings“ франшизата од книги, филмови и игри, но сепак задржува нов, свеж карактеристичен стил.

Карактерите се фиксни и неможете да ги имате сите додека играта почнува само со три слота, а има повеќе класи. Се предвидува дека како микротрансакции ќе се продаваат и слотови за карактери. Најпопуларната класа е девојката рејнџер што се бори од далеку со лак и стрели, единствена класа што здраво ѝ контрира е воинот.

Играта е истовремено игрива и во PvE (борење со околина) и во PvP (борби со играчи) -има квестови, истражувања на прекрасен свет со природа и средновековна фантазиска околина, а борењето помеѓу луѓе се игра соло, со двајца или со тројца играчи. Самиот гејмплеј потсетува на Souls игрите и има и босеви и главни против кои може да се борите со пријатели или да ги победите сами.

Играта бара солиден компјутер поради тоа што има исклучителна графика и излезе на пазарот само пред неколку дена. На крајот од секоја мисија мора да направите „Extract“ (тајмирано излегување од „инстанца“) со ликот надвор од завршеното ниво и ви остануваат оружја и предмети што ви го појачуваат ликот кои сте ги заслужиле преку борби. Тоа е многу слично со механиките на играта „Warframe“ каде исто така се прави „Extract“ за да завршите мисија со стекнати награди. Но, и додека квестате може да има „ганкање“ (појава кога намерно се убива друг играч на едно исто место за да не може да напредува) од други играчи. Ова се покажа како многу „токсично“ во „World of Warcraft“. 

Ако имавте потешкотии да го разберете гејмерскиот жаргон -сите употребени термини се детално објаснети на македонски јазик што точно означуваат во следниот RPG Водич за гејмерски термини.  

Иако Мистфал хантер е во подем на популарноста и состојба на глобален хајп, сосема е можно интересот за неа да стивне за кратко време. Ваквиот тип на игри е најдобро да се игра во тим со пријатели најмногу заради факторот забава што го нуди во иновативните опции.