Во најдобрите игри недостасуваат рангирани дуели во голем број Mасивни Мултиплејер Онлајн Игри (ММО), каде најчесто се игра во група – и повеќето не нудат директна опција за индивидуално напредување во модовите за играч против играч (PvP).
Првиот пример е играта World of Warcraft каде ова го нема. Секако играчите прават претходно договорени дуели во дивина и на отворени платоа пред градови и места низ играта, ова обично се случува во центарот на Голдшајр и пред влезот на Стормвинд за Алијанса и пред портите на градот Огримар за Хорда. Има додадено и мерење статистика за дуелите но тоа е само белешка про форма.
Додека вистинското PvP се одвива со најмалку два на два играчи, и нема самостојно Рангирано правење Дуели во Арена. И повеќето PvP oпции фигурираат со рандом групи за Battlegrounds и за Ranked мали пет на пет групи и големи групирања како Epic Battlegrounds со по 25 играчи на двете страни. Но никаде во играта нема Ranked Duels и повеќето играчи се нервираат кога ќе се паднат во рандом група што не е координирана или игра лошо, особено ако ситуацијата се погоди така да се игра против Pre-made група, што е чест случај.
Добра игра што навистина беше обид ова да се промени, каде тоа не само што го има туку целата игра е базирана токму на оваа цел – борби 1 на 1 која беше рекламирана дека може да се искачите на ранковите до светски шампион исклучиво со свој труд и вештина. И тоа е играта For Honor.
Но за волја на вистината, на For Honor и недостасува константо присутна популација на играчи и иако едновремено имаше врв на популарност испадна дека има доста негативни фактори и покрај инвентивниот комбат систем. Токму борењето е искомплицирано, поради тоа што кога дефлектирате удари треба со маус да го одредите правецот што ќе видите дали ударот оди накај глава или торзо и тоа од ниско или од високо. Така што системот на борби може да се рече дека е драстично искомплициран без потреба, фактор што одврати многу играчи од оваа игра.
Но исто така и да ја купите најцелосната Gold верзија на играта на драстичен попуст -сепак ќе има додатни херои за купување со вистински пари иако се нуди опција и преку играње да ги отклучите размерот е огромно губење време и нерви -во споредба со плаќање сума од 10 до 15 евра за нов лик. А и најновите ликови вистински се помоќни од основните и полесни за играње, што ја прави играта Pay to Win. Иако многу гејмери се надеваа на оваа игра да биде баш најдобрата игра со дуели своевремено -играта потфрли и ги разочара. Но сепак има добри страни -и пак е игрива иако се чека долго за да се најде противник. На пример графиката и ликовите се супер сработени околините за борби се добри и има и сингл плејер кампањи.
Следната игра што исто така како WoW не ни се обидува да го исполни очекувањето за Рангирани Дуели е Guild Wars 2 каде PvP-то во Structured PvP се игра со мали групи а големите групи се борат на огромни територии во опцијата World vs World (Север против Сервер). За да се одигра дуел воопшто во Guild Wars 2 – треба да ве покани играч од сопствената Гилда во Арена и таму да сте само вие двајца наместени на спротиставени страни, означени како црвени и сини тимови- но намерно не влегуваат други играчи во таа стаза.
И Guild Wars 2 како и WoW охрабрува играње PvP во групи, не со мерлив и рангиран напредок на еден играч каде исходот на битката би зависел само од него самиот, а не од Pick Up Group(PUG).
И најдобрата вест ја оставивме за крај а тоа е дека најдобрата игра што успеа да ја имплементира до беспрекорна функционалност оваа карактеристика за рангирани дуели во 1 на 1 Арена -е секако „чудото од игра“ Where Winds Meet -за која имаме повеќе написи на следниот линк.
Мора да се напомене и фактот дека играта Blade and Soul имаше ваква опција што беше употребувања на интернационални е-спортови со години-и играна од професионални гејмери, но Where Winds Meet ги обединува и гејмерите што играат од дома и ветераните и почетниците и професионалците- и веќе има поголем интерес за неа одошто за Blade and Soul што во најнова верзија сега е бесплатна на Steam исто како и Where Winds Meet(WWM). Еве како изгледаат дуелите на Blade and Soul:
Системот за рангирана Arena 1vs1 во WWM е одличен и се напредува низ ранкови и играта може да се игра течно во овој инстанциран мод и со основна гејмерска PC машина. Единствена негативна работа е што функционира во сезони. До кој ранк и да сте напреднале ако тоа било за време на евент -играте само еден меч -дуел да ви се одреди просечен ранк и ова се случува по завршетокот на сезоната. Но ако изгубите ве враќа во состојба на почетните ранкови според таа една квалификациона борба. Ова е слично како што во тепачката игра Текен 8 може да се достигне ранк на Tekken God и штом заврши сезоната -ви се деградира ранкот на почетничко ниво. Еве како изгледаат борбите во професионален е-спорт натпревар на Кинеската оригинална верзија од играта:
Другите аспекти на дуелите во Where Winds Meet се одлични и достапни за секој просечен и натпросечен гејмер или гејмерка. Најдобар аспект на самата игра е перфектно тајмираното парирање и дефлектирање удари карактеристично за Souls игрите -што е фактор со кој почетниците се мачат, а е рефлексна вештина кај ветераните на игри воопшто кои веднаш се адаптираа на Глобалната новоилезена верзија на играта. Се надеваме дека преку овој напис се фрли светло на играњето дуели во MMORPG игри -што претходно ретко каде било вака описно конкретизирано -за како индивидуалниот PvP напредок функционира или не функционира во најиграните MMORPG видеоигри. Да се надеваме дека девелоперите на ваквите игри во иднина ќе учат едни од други -и ќе ги исфилтрираат најдобрите фактори во склопка за индивидуален напревар и напредок на секој играч што сака да се бори сам и да зависи само од својата волја и вештина стекната во дадена игра.