Играјте ги најновите игри од Натпреварот за правење игри “GameJam +”

Фото: Македонска асоцијација за развивање игри - МАГДА, Фејсбук страна

Натпреварот во правење игри Game Jam Plus напредува и продуцира многу нови компјутерски игри кои што вреди да се погледнат и да се испробаат. Репертоарот вклучува од адиктивни логички игри за кои треба брзи рефлекси до вселенски платформски игри без насилство и од носталгични средновековно-фантазиски игри до динамични игри со нинџи.

Повеќето игри се покриени во подолго видео кое може да се погледне на овој линк од кое можете да се информирате и колку многу е постигнато од тимови, фирми и индивидуалци во ова поле на работа.

Исто така можете и веднаш да ги играте 5те игри кои излегоа како победници во првиот дел од настанот:

По азбучен редослед:

𝟭. 𝗔𝗿𝘁 𝗼𝗳 𝗡𝗶𝗻𝗷𝗮 / 𝗦𝗼𝗳𝘁𝘄𝗮𝗿𝗲𝘁𝗲𝗮𝗺 / https://good-lifestyle-committee.itch.io/art-of-the-ninja

𝟮. 𝗕𝗼𝗯 𝗶𝗻 𝗖𝗼𝗹𝗼𝗿𝗹𝗮𝗻𝗱 / 𝗠𝗲𝗺𝗼𝗿𝘆 𝗟𝗲𝗮𝗸 / https://itch.io/jam/gamejamplus21/rate/1230941

𝟯. 𝗖𝗮𝘀𝘁𝗹𝗲 𝗥𝗼𝗯𝗯𝗲𝗿𝘆 / 𝗕𝘆𝘁𝗛𝗼𝗽𝗲 / https://itch.io/jam/gamejamplus21/rate/1230974

𝟰. 𝗖𝗼𝗹𝗼𝗿 𝗕𝗹𝗮𝘀𝘁 / 𝗥𝗲𝘁𝘂𝗿𝗻 𝗭𝗲𝗿𝗼 / https://neelix64.itch.io/color-blast  

𝟱. 𝗣𝗮𝗶𝗻𝘁 𝗧𝗵𝗲 𝗧𝗵𝗶𝗻𝗴 / 𝗧𝗵𝗲 𝗦𝗶𝗱𝗲 / https://cringe-master-64.itch.io/paint-the-thing

Од МАГДА -Македонска асоцијација за правење игри известуваат:

Го одржавме првиот дел од Game Jam Plus, се дружевме и ги избравме тимовите кои што ќе одат во 3 месечна инкубација, а потоа ќе се натпреваруваат на ниво на Европа. Им благодариме на сите учесници од Македонија и од Израел, и ќе ни биде драго да ве сретнеме на следните настани.

Сега останува на вас да ги пробате 5-те игри што ќе одат понатаму (4 македонски и 1 израелска) и да навиваме да стигнат на глобалното финале. Во израелскиот тим има македонски 2D артист и ги поддржуваме оваа соработка да ја продолжат низ целиот натпревар. 𝗔𝗱𝗹𝗲𝗿 𝗜𝗱𝗼 𝘁𝗵𝗮𝗻𝗸 𝘆𝗼𝘂 𝗳𝗼𝗿 𝘁𝗵𝗲 𝗰𝗼𝗼𝗽𝗲𝗿𝗮𝘁𝗶𝗼𝗻!