fbpx

Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, на распит во СЈО

-

Додека новинарите го чекаат лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да излезе од Специјалното јавно обвинителство, оттаму со силно полициско обезбедување беше изнесен поранешниот припадник на специјалните полициски единици, Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски.

Пред да излезе од СЈО, неколкумина полицијаци ги замолија новинарите да направат простор бидејќи треба да изнесат едно лице. Меѓу новинарите настана чудење за кого се работи, за по кратко време од вратата да излезе токму Спасов.

СЈО ја презеде надлежноста за случајот со убиството на Мартин Нешковски, бидејќи во дел од снимките што ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, минатата година, можеа да се чујат разговори помеѓу високи функционери на МВР за тој случај и за контроверзии во водењето на истрагата.

Игор Спасов еднаш веќе беше на распит во СЈО.

Тој е осуден на затворска казна од 14 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...