fbpx

Игор Јанушев избран за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори

-

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучил генералниот секретар Игор Јанушев да биде избран за шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори, информираат од опозициската партија. Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

На седницата бил анализиран досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои им пристапиле и побарале решенија, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Предвремените парламентарни избори во земјава треба да се одржат на 12 април 2020 година. Владејачката партија, СДСМ, веќе го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на нивната партија. Двете водечки политички партии од македонскиот блок ги подготвуваат и партиските програми за претстојните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...