ИФФК „Браќа Манаки“ награден со Повелба за придонесот во македонската кинематографија

Повелба на РСМ за ИФФК „Браќа Манаки“

На свечената церемонијата за доделување на Орден на заслуги и Повелба на Република Северна Македонија одржана на 25 март на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ му беше додоелена Повелба од страна претседателот Стево Пендаровски.

Ова високо државно признание ИФФК „Браќа Манаки“ го добива по повод 40 години постоење за својот значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и нејзина афирмација во светски рамки.

„Ми претставува огромна чест што имам можност во името на сите мои претходници, по чија апсолутна и директна заслуга стојам овде, во името на Друштвото на филмските работници на Македонија, кој е грижлив родител и старател на Фестивалот сиве овие години и во името на бројните посветени професионалци и вљубеници во филмот да ја примам оваа награда за нашата најпрестижна Меѓународна филмска манифестација“, рече директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски кој ја прими наградата што му ја врачи претседателот Пендаровски.

Во говорот тој им се заблагодари на претседателот на Република Северна Македонија,  на Министерството за култура, на Агенцијата за филм, на Општина Битола, на Друштвото на филмските работници на Македонија, на Кинотеката на Македонија и на нашите тимови, членови на Друштвото на филмски работници, како што посочи, долгогодишните верни бизнис партнери и вљубеници во филмот без кои овој фестивал никогаш не би опстоил низ годините.

Од неговото основање во градот Битола, во кој живееја и твореа браќата Милтон и Јанаки Манаки кои со своите документарни филмови снимени со нивната легендарна Камера 300 оставија непроценлив драгоцен филмски опус, Фестивалот е афирмација на наградите малата и голема Златна камера 300, Бронзената, Сребрената и Златната Камера 300. Фестивалот како прв и најстар филмски фестивал во Македонија, основан 1979 година денес претставува голема манифестација со престижни награди чии гости досега биле имиња на врвни филмски кинематографери, режисери и актери, добитници на светски признанија за работата во филмската дејност како и Оскари.

>На свечениот настан во Филхармонијата претседателот им врачи Повелба на Република Северна Македонија и на угледните драмски институции, Факултетот за Драмски уметности по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и на филмската уметност, и на Националната установа Турски театар по повод 70-годишното постоење за особени постигнувања на полето на театарската уметност и за нејзина афирмација и популаризација, како во земјата така и во странство.

Милка Ефтимова – добитник на признанието „Орден на заслуги“

Орден на заслуги за Република Северна Македонија за нејзиниот фундаментален придонес во основачките процеси на македонскиот театар, како и за воспоставување иновативни методи и за афирмација на македонскиот театар и на македонскиот филм на национално и на меѓународно ниво доби актерката Милица Стојанова.

Милка Ефтимова се одликува со Орден за заслуги за нејзиниот исклучителен и траен придонес во развојот на оперското пеење, со што придонесе за афирмација на македонската оперска уметност на национално и на меѓународно ниво, како и за посветената и значајна педагошка активност.

Уште една добитничка на признанието од висок степен е Стојна Вангеловска за нејзините постигнати највисоки резултати во кошарката на домашен и на меѓународен план како играч и како тренер, како исклучителен придонес во македонската кошарка и на македонскиот спорт, воопшто.