fbpx

ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања „Не за неказнивоста!“

-

На 2 ноември, Глобална мрежа за одбрана и за промовирање на слободата на изразувањето (ИФЕКС) ќе го одбележи Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинари, воведен со Резолуцијата на ООН од 2013 година.

Во моментов, девет од секои 10 случаи на убиства на новинари во светот се со статус нерешени и поминуваат неказнето.

Оваа година, ИФЕКС ја спроведува кампањата „Не за неказнивоста“, која ги одразува тековните напори да се зголеми политичката волја на државите да ја прекинат неказнивоста, и тоа не само за злосторствата против новинарите, туку и против уметниците, активистите, блогерите и другите што го применуваат своето право на говор.

Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје е првата членка на една од најголемите мрежи за слобода на изразување. Оваа акциска мрежа има 88 членки во 60 земји, при што најголем дел од нив се во земјите во развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...