Идомени е речиси празно

-

Грчката полиција денес ги релоцира последните бегалци од Идомени. Во кампот се останати само околу 1.000-1.500 бегалци, кои најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе бидат пренесени во бегалските центри.

Некогашниот мал бегалски град, кој беше прекриен во сино-зелени шатори сега е пуст. Мнозинството од шаторите се тргнати, стојат само автобусите кои постојано се полнат со нови групи бегалци и заминуваат кон бегалските центри во Солун.

Официјално грчката полиција изминатите два дена премести 3.037 лица од Идомени. Се оценува дека вкупно ќе бидат преселени 4.000-4.500 бегалци, што го поставува прашањето ако според официјалните бројки пред почетокот на акцијата имаше 8.500 луѓе што е со оние други илјадници бегалци? Според неофицијалните информации, бројка од 3.000-4.000 бегалци сами заминале од Идомени, дел од нив според проценките се кријат во пограничните села, дел се во другите мали кампови покрај автопатот.

Во Идомени денес започна со проверки на пругата и екипа на грчката железница. Проценките се дека ако се е во ред од утре ќе може да се пушти и првиот товарен воз. Компанијата пријави загуба од 2,5 милиони евра од 70-дневната блокадата на пругата. Оваа финансиска штета не изгледа добро во „резимето“ на грчката железница, ако се земе предвид дека лани компанијата имала профит од 2,7 милиони, а државата ја подготвува компанијата за приватизација.

Од железницата поставуваат и ограда околу пругата кај Идомени, со цел да се избегнат понатамошни проблеми и блокади и да се осигура непречено одвивање на железничкиот сообраќај.

Од кампот и денес пешки си заминуваат дел од бегалците, неволни да одат во бегалските центри бидејќи стравуваат да не бидат притворени и депортирани.

Грчкиот министер за миграција Јанис Музалас денес изјави дека Идомени ќе се испразни и грчката влада ќе се погрижи кампот да не се креира и наполни повторно. Музалас најави дека очекуваат и стравуваат дека во бегалските центри следниве денови може да има мали инциденти, додека луѓето се навикнат на новата ситуација, но ќе се направат напори да се избегнат секакви проблеми.

Ваков проблем вчера се појави во еден од бегалските центри во солунското предградие Ореокастро. Тројца бегалци од Авганистан беа повредени во судири меѓу група Сиријци и Авганистанци во Ореокастро и пренесени во една од Солунските болници.

Во Грција има околу 54.000 бегалци, од кои речиси 30.000 се во северна Грција.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...