Познатиот серијал на игри „Horizon“ популарен по уникатните околини начинот на поставеност, каде во постапокалиптична обновена со зеленило планета имате пештерски луѓе што ловат диносауруси. Но тоа што е уникатно, се работи за диносауруси-роботи.
Ова е серијал на игри што веднаш стави голем печат на оригиналност во гејминг индустријата, и гејмерите веданш го засакаа серијалот. Најновите вести за серијалот се дека наскоро ќе има две продолженија. Едното продолжение ќе биде Singleplayer, а другото продолжение ќе биде Multiplayer игра со MMORPG жанр.
Ова е трејлерот од вториот дел од играта, се работи за Horizon Forbidden West (за која имаме и претходен напис):
Целиот серијал на Horizon франшизата за жал повеќе не може да се купи и да се игра на ПЦ. Денес првиот дел „Horizon Zero Dawn“ не е достапна на никоја од платформите како Стим или Епик Гејмс. Одлуката од PlayStation е на ПЦ платформата да може да се продава само вториот дел „Horizon Forbidden West“
Позитивниот начин е тоа што се работи за франшиза креирана од PlayStation Studios и на нивните конзоли сите делови се достапни за играње во секое време. Првиот, вториот дел, дополнително новата ЛЕГО верзија од франшизата. Но и за фановите на виртуалената реалност, „Horizon Call of the Mountain“ е исто така нова игра од серијалот.
Што се однесува до референците, како што знаеме во реалниот свет од историја и еволуција – диносаорусите и праисториските луѓе живееле во драстично оддалечени временски периоди. Тие воопшто не живееле во сличен период како што е претставено во комичниот анимиран серијал Flinstones.
Првата игра воопшто не е лесна, се граничи на тешкотија на Souls игри и потешка акциона игра. Ловите механизирани диносауруси а играте со женскиот протагонист „Aloy“ која е ловец на самодадена задача да отркрие повеќе за сопственото минато и минатото на светот во кој живее.
Како што знаеме во праисторија мажите повеќе биле ловци а жените собирачи -но овде имате женски лик во парадоксално кажано “футуристичка праисторија” која е ловец.
На женските гејмерки нова инспирација – не на нивото на Лара Крофт од Tomb Raider серијалот, но сепак Aloy е инспирација за женски хероизам што е добро за самодовербата на гејмерките -што повеќе фантазиски херојки имаат тоа подобро може да се угледаат на нив и да бидат повеќе етични и во животот. Еве како изгледа таканаречен Free Roam (Слободно трчање и роварење низ играта) од првиот дел:
Следниот чекор во развитокот од играта е да се изработи солидна мултиплејер верзија како што објаснивме погоре. И покрај тоа што ќе биде потребно доста најнова техника конзола PS5 за да се учествува дека играта не е достапна на Steam веќе и идните изданија нема да бидат достапни за PC. Ако имавте потешкотии да ги разберете термините во овој напис имаме два водичи што ги објануваат теминологиите: првиот и вториот. Оваа игра има огромен потенцијал да прерасне во една од најпривлечните и најоригинални мрежни игри.