fbpx

ИД во Мосул ликвидирала 13 новинари

-

Џихадистичката организација Исламска држава погубила најмалку 13 од 48 новинари, кои ги киднапирала во Мосул, откога нејзините борци во 2014 година го зазедоа вториот најголем град во Ирак, се наведува во извештајот на „Репортери без граници“.

Мосул стана „гробишта на информативната слобода“, стои во документот на „Репортери без граници“ и на нејзината партнерска организација во Ирак, Опсерваторија за новинарски слободи.

– Во него се открива страшното секојдневие на новинарите откако ИД го зазеде Мосул и спремноста за апсолутна контрола на информациите кои излегуваат од градот – изјави претставничката на „Репортери без граници“ за Блискиот Исток и за Северна Африка, Александра Ел-Казен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...